Третолигашот ФК Љуботен влезе во елитниот Club of pioneers како најстар активен фудбалски клуб од Македонија

Advertisements

Неверојатна вечер на „Енфилд“, Ливерпул ја посрамоти Барселона (4 – 0) за финале во Мадрид!

Со спектакуларна победа, премиерлигашот Ливерпул ја анулираше предноста над Барселона од 3-0 од првиот меч и ја елеминираше од полуфиналето од Лигата на шампионите.

Екипата на Јирген Клоп триумфираше со резултат 4-0, доволен за да го фрли на колена каталонскиот гигант.

Во вториот дел од натпреварот веќе се беше во знак на Ливерпул, кој му одржа вистинска лекција на Барселона.

Вајналдум во 54-та и 56-та минута од натпреварот постигна два погодоци, кои очигледно беа пресуди за триумфот на Ливерпул. Барселона се обидуваше да стигне до погодок, но Клоп одлично го постави тимот, а каталонците немаше што да бараат вечерва во Англија.

Иако многумина се надеваа на продолженија, сепак разиграниот Дивок Ориги, по заспаноста на одбраната на Барселона, погоди и го однесе Ливерпул во финалето, каде ќе се сретне со подобриот од мечот помеѓу Ајакс и Тотенхем.

Untitled.png

За Велигден во Бугарија место да се фрла паричка се кршеа со јајца

Кога ќе ти падне да играш за Велигден во Бугарија место да се фрла паричка се кршиш со јајца. Кој ќе победи ќе ја изведе топката од центар. Бугариве се З-А-К-О-Н. Па уште добија јајца во боите на дресовите.

Македонија преку Барди израмнува на 1-1 против Словенија

Енис Барди носи израмнување на Македонија во 47 минута од натпреварот, Алиоски им побегна на чуварите, Барди погоди за 1-1.

Untitled.png

Победнички старт на Македонија, надиграна Летонија со 3 – 1 во евро-квалификациите

Македонската фудбалска репрезентација одигра одличен натпревар и со победа над Летонија од 3-1 (2-0) ги започна квалификациите за ЕП 2020. Пандев го запиша стотиот настап, а на „Филип Втори“ 10.000 луѓе го поздравија нашиот лидер и репрезентативен капитен.

По почетното испитување на силите, во 11. минута Езџан Алиоски прифати една топка од Пандев по левата страна, биеше по земја и го изненади гостинскиот голман Ванинс, кому топката му побегна под рака и заврши во мрежата (1-0).

По половина час предноста се зголеми на 2-0, откако по ударот на Несторовски, гостинската одбрана одби, а Елмас на вистинското место ја погоди целта и стана втор најмлад стрелец во нашата репрезентативна историја (2-0).

Во второто полувреме еден прекин ги расипа нашите планови и Исајевс со глава ги натскока нашите дефанзивци и го ублажи поразот на 2-1. Нашите репрезентативци бараа недозволена позиција, но судиите го признаа голот. Летонскиот фудбалер за врска Циганикс заради два жолти картони предвреме го заврши натпреварот. Кога сите очекуваа последен судиски свиреж, Елмас со прекрасно пласиран удар со левата нога ги постави конечните 3-1.

Untitled.png

Деби гол на Елмас – му го посвети на Пандев и стана втор најмлад стрелец за Македонија!

Македонскиот фудбалски бисер Елиф Елмас влезе од клупата за резерви на натпреварот против Летонија на местото на Ферхан Хасани и веднаш се запиша во листата на стрелците (2-0).

По краток временски интервал, „бисерот“ на Фенербахче погоди во 30. минута, по една одбранета топка по шут на Илија Несторовски. Елмас немаше шанса да погреши, затоа што беше осамен пред мрежата.

Елмас со 19 години и шест месеци, со голот против Летонија стана втор најмлад стрелец во историјата на Македонија, по Горан Пандев (19 години и 1 месец) и Влатко Грозданоски (19 години и 8 месеци).

Untitled.png

Пандев – Алиоски…., Македонија веднаш го скрши отпорот на Летонците

Македонската репрезентација, согласно посакувањата, во раната фаза од натпреварот стигна до водство против Летонија во првиот натпревар од квалификациите за пласман на ЕП 2020.

На националната арена „Филип Втори“, Македонија дојде до водство уште во 11. минута од натпреварот со погодокот на Езгијан Алиоски. Горан Пандев одлично поведе акција асистирајќи по левата страна за Алиоски чиј удар од околу 15 метри заврши во мрежата на Летонците….

Untitled

Вејн Руни го постигна првиот хет-трик во Американската MLS лига

Вејн Руни минатата година ја напушти Англија и во моментот игра за D.C. United каде денеска го постигна својот прв хет-трик во MLS лигата.

(Видео) Несторовски му донесе три бода на Палермо со два гола и асистенција

Илија Несторовски се погрижи Палермо да дојде до нови три бода со кои што ќе биде во конкуренција за едно од првите две места кои носат директен пласман во Серија А. Македонскиот репрезентативен напаѓач во победата на Палермо од 4:1 над Карпи учествуваше со два постигнати гола и оствари една асистенција.

Пандев со гол му „пресуди“ на Јуве – прв пораз на Јувентус оваа сезона (видео)

Горан Пандев постигна гол, а Џенова со 2:0 го победи Јувентус, нанесувајќи му го на италијанскиот шампион првиот пораз во Серија А оваа сезона.

Ова е прв пораз на Јуве во Серија А оваа сезона, но „бјанконерите“ остануваат убедливи лидери со 75 поени пред Наполи со 57 (и натпревар помалку). Џенова полека излегува од опасната зона на табелата и сега е 12. со 33 поени.

Ова е сигурно најнесреќниот момент во фудбалската Бундеслига сезонава

Генки Харагучи само што помисли дека постигнал лесен гол, но снегот имаше поинакви планови. Ова е сигурно најнесреќниот момент во фудбалската Бундеслига сезонава

(ВИДЕО) Сити – Челзи – Кепа одби да излезе, Сари „полуде“ од нервоза

Челзи го загуби финалето во Карабао Купот од Сити на пенали а мечот го одбележа непослушноста на голманот Кепа кој одби да излезе на барање на тренерот Маурицио Сари.

Голманот од Шпанија се пожали на повреда, Сари сакаше да го замени а Кепа одби, Сари дури и тргна да си оди но сепак се предомисли…

Untitled.png

За љубителите на теории на заговор – чуден гол од Русија

На меч од руската втора лига меѓу екипите на Волгар Астрахан и Спартак од Владивосток, стоперот Роман Локтионов дал ист гол како и пред седум години против ист противник, од исто место и во исто време.

Барса може и без Меси да го растури Реал! …и тоа со 5 – 1

Барселона го декласира Реал Мадрид со 5-1 во најголемото дерби на шпанскиот и на европскиот фудвал, популарното „Ел Класико“. Иако каталонскиот тим беше без повредениот Лионел Меси, сепак, демонстрираше завиден квалитет, и сосема заслужено ги победи „кралевите“. За првпат во историјата беше употребен и ВАР – системот, кој ’пресуди’ дека има пенал за Барса, што го реализираше Луис Суарез.

Untitled.png

Лихтенштајн демолиран со 4-1 од Македонија

Фудбалската репрезентација на Македонија ја оствари и третата победа во Лигата на нации, совладувајќи ја селекцијата на Лихтенштајн со 4-1 на арената „Филип Втори“. Трајковски беше двоен стрелец, Пандев асистираше и постигна еден погодок, а серијата ја затвори Алиоски. Ова е огромен чекор напред кон првото место во групата, кое води во плејофот за пласман на Европското првенство во 2020 година. Истовремено, трае и низата од десет натпревари без пораз на „црвено-жолтите“.

Македонските репрезентативци го потврдија епитетот фаворити на дуелот со Лихтенштајн. По поразот на Ерменија од Гибралтар, енергично ја грабнаа шансата и го декласираа противникот.

Macedonia vs Liechtenstein | 4 – 1 | Goals and Highlights

Апсолутно надреално – Голот на годината доаѓа од Русија…

Наградата „Ференц Пушкаш“ за следната година веќе доби еден голем кандидат. Неговото име е Норик Авдалјан кој демонстрираше вистинска мајсторија за вториот тим на Рубин Казањ.

Младиот 22-годишен фудбалер изведе пенал притоа со салто наназад стрелајќи под гредата. Голманот на противничката екипа, но и сите фудбалери на теренот, останаа едноставно без здив.

Ова е можеби најлудиот автогол на сите времиња во Бундеслигата

Голманот на екипата на Штудгарт, Рон-Роберт Цилер, влезе во историја! Тој е одговорен за можеби најлудиот автогол на сите времиња во Бундеслигата.

Кој вели дека Лига Европа не е интересна – Постигна гол од пенал па “пропадна во бездна”

На натпреварот од Лига Европа помеѓу АЕК Ларнака и Цирих се случи интересна случка. Откако нашиот интернационалец Даниел Мојсов (АЕК Ларнака) играше со рака беше досуден пенал, а стрелецот на голот Benjamin Kololli отиде малку предалеку со славењето на погодокот и буквално пропадна. Погледнете

Untitled.png

Роберто Карлос си дроби на футсал

45 години не се баш ок за 11 на 11, ама за во сала се таман, особено за еден од најдобрите и најпрепознатливи бекови во историјата на бразилскиот фудбал. Каква само рутинирано заврши две акции. Браво царе.

БЕЈЛ СО 2 ГОЛА ЗА НАЈАВНА ШПИЦА ГО ПОТОПИ ЛИВЕРПУЛ ЗА 13. ЕВРОПСКА ТИТУЛА НА РЕАЛ

Шпанскиот Реал Мадрид по трет пат едно по друго ја одбрани титулата во Лигата на шампионите откако вечерва во финалето го совлада Ливерпул со резултат 3-1.

Голманот на Ливерпул, Лорис Кариус направи голема грешка и му подари топка на Карим Бензема, кој погоди за 1-0.

Неколку минути подоцна, Садио Мане ја врати неизвесноста во дуелот, откако по корнер израмни на 1-1.

Потоа на сцена стапи нововлезениот Герет Бејл кој со два гола, од кој првиот со ножички, му ја донесе титулата на Реал Мадрид.

 

Новиот спот за “Equal Game”, со малиот Јане Велковски во главна улога

Јане Велковски беше специјален гостин на финалето од Лигата на Европа во Лион, каде денеска беше промовиран и новиот спот од кампањата “Equal Game”, за залагањата на УЕФА фудбалската игра да биде достапна за сите

View this post on Instagram

What do you ❤️ about football? #EqualGame #UELfinal

A post shared by UEFA (@uefa_official) on

Синот на Марсело ги воодушеви и најголемите ѕвезди

Деветгодишниот син на еден од најискусните фудбалери на европскиот шампион Реал Мадрид, Бразилецот Марсело, од својот татко не је наследил само бушавата коса, туку и фудбалските гени.

Навивачите го запалија стадионот откако Хамбургер испадна од Бундес лигата

Екипата на Хамбургер по 54 години ја напушти Бундес лигата, и покрај победата од 2:1 против Борусија Мехенгладбах не успеа да го сочува бундеслигашкиот статус и од следната сезона ќе игра ранг подолу.
Фановите не беа задоволни од завршницата, па решија своето незадоволство да го изразат со некоректно однесување.

Пред самиот крај на натпреварот тие влетаа на теренот и буквално го запалија стадионот, односно столчињата на најпозната трибина на стадионот.

Hamburger SV – Borussia M,Gladbach 12.05.2018 | Pyro-Chaos , Randalieren

Епска битка во Мадрид – Реал е во финале | Погледнете ги головите

Реал Мадрид е првиот финалист во Лигата на шампионите, откако „кралевите“ во фантастичен натпревар ремизираа 2-2 на „Сантијаго Бернабеу“ против Баерн Минхен, па благодарение на победата од 1-2 на „Алијанц арена“ го елиминираше баварскиот гигант.

Karim Benzema 11′, 46′ за Реал и Joshua Kimmich 3′, James Rodriguez 63′ за Баерн

 

Real Madrid 2-2 Bayern highlights

И Георгиевски учествуваше во акцијата | Во Австралија можеби беше постигнат најубавиот гол оваа година

Рајан Мекгри постигна спектакуларен гол, гол за кој долги години ќе се зборува, а тоа се случи во шампионатот на Австралија.

Нема никакви дилеми дека овој гол на 19 годишниот фудбалер на Њукасл Џетс ќе влезе во конкуренција за најдобар гол на годината од страна на ФИФА за наградата „Ференц Пушкаш“.

Во оваа акција учествуваше и нашиот интернационалец Даниел Георгиевски.

 

Атлетико Мадрид и со десетмина непоразен во Лондон против Арсенал, 1-1 во Лига Европа

Атлетико Мадрид остана непоразен на гостувањето на „Емирати“, играјќи 1-1 против Арсенал во првиот полуфинален натпревар од Лигата на Европа. Иако со десетмина играчи играа цели 80 минути, поради исклучувањето на Шиме Врсљако во 10-та минута

Стрелци: Alexandre Lacazette 61′ за Арсенал и Antoine Griezmann во 82′ заАтлетико Мадрид

Реал го совлада Баерн на гости со 2:1 и влезе во историјата како прв клуб со 150 победи во ЛШ

Големата победа во Минхен воедно значеше и заокружување на фантастичен јубилеј на Реал Мадрид, откако „кралевите“ на „Алијанц арена“ станаа прв клуб со 150 победи во Лигата на шампионите.

Стрелци на головите Joshua Kimmich во 28′ за Баерн и Marcelo во 44′,  Marco Asensio во 57′ за Реал

Како во Египет се слават головите на Салах

Египет е обоен во црвено, Салах е национална ѕвезда огромен дел од населениот го носи неговиот дрес од Ливерпул и навива за својот миленик и тимот од Енфилд.

Луд гол на Пандев! | Капитенот на македонската репрезентација направи мајсторија во 92′ минута

Во стилот на најголемите мајстори каков што е и самиот, Горан Пандев ја потврди победата на Џенова од 3:1 против Верона со можеби најубавиот гол во неговата богата кариера.

Како Шкендија ја прослави титулата

Шкендија сосема заслужено го освои шампионскиот трофеј оваа сезона минувајќи прва низ целта, со огромна предност во однос на второпласираниот Вардар. Со вчерашниот триумф над Шкупи (2-0) во Тетово, избраниците на Ќатип Османи и официјално станаа недостижни за конкурентите, а потоа почна и славјето

Во Струга помошник судеше од „езеро“!

Струга Трим Лум – Лабуништа… Втората лига – Запад. Градскиот стадион во Струга е веднаш на кејот, на Охридското езеро. И поради високиот водостој на езерото овој месец, истото си стигнало и до самиот терен на стадионот во Струга. Па, помошниот судија мораше 90 минути да суди од езеро…

На Јувентус му стана навика да прима голови со „ножички“

Минаа само петнаесетина дена од фантастичниот гол на Кристијано Роналдо во Торино, а Јувентус повторно прими гол со ножички.

Овојпат ривал не беше Реал Мадрид, туку „малиот“ Кротоне

Погледнете го голот (за 3:0) со кој Рома направи чудо и ја елиминира Барселона за полуфинале во Лигата На Шампиони

Рома е сензационален патник во полуфиналето од Лигата на шампионите откако „волчицата“ вечерва со фантастична игра ја совлада Барселона со 3-0, па со гол повеќе на гостински терен (4-1 на првиот меч) се најде меѓу најдобрите четири екипи во Европа.

Кавани го промаши невозможното

ПСЖ се спасуваше на гостувањето против Сент Етјен, а „светците“ немаше да мораат да чекаат на автогол во судиското продолжение доколку Единсон Кавани не се посрамотеше во 76. минута од натпреварот.

Им се случува и на најдобрите, но од Кавани сепак не се очекуваат вакви неверојатни промашувања.

Со првите два удари на дебито во САД Ибракадабра направи лудачки пресврт

Лос Анџелес е во целосен транс со првиот настап на Златан. Дојде, потпиша, влезе во игра во второ полувреме и го реши градското дерби на маестрален начин.

Златан Ибрахимовиќ ниту на сон не можеше да посака ваков дебитантски настап во МЛС лигата за неговиот нов клуб Лос Анџелес Галакси за кој потпиша на 23 март.

Вечерва се играше дербито меѓу Лос Анџелес Галакси и Лос Анџелес ФЦ на кое гостите прокоцкаа предност од 0:3 која ја имаа до 48-та минута.

Себастијан Летгет и Крис Понтиус во 61-ва и 73-та минута ги вратија надежите барем за бод на овој натпревар, но кога го имаат Ибра кој им дојде на 36 години ништо не се знае до крај.

Влезе во 71-ва минута и по само 6 минути фудбал на американско тло постигна голчиште за 3:3.

Македонските фудбалери во голферски филм…

Турскиот туристички центар Белек е неверојатен, нуди фантастични услови за престој и тренинзи, па фудбалерите во комплексот „Глорија Спортс центар“ се и во голферски филм. Со колички за голф доаѓаат на тренинг, до терените кои се оддалечени на околу пет минути одење.

 

Тричковски ја урна Омонија

Македонскиот фудбалски интернационалец Иван Тричковски продолжува со голгетерската низа на Кипар. Тој беше стрелец на погодок во денешниот триумф (1-3) на гости против Омонија

Страшни сцени во Франција: Навивачите на Лил влегоа на терен да ги тепаат фудбалерите

Немили сцени се случија на натпреварот меѓу Лил и Монпелје во францускиот шампионат. Фановите на домашниот тим влегоа на теренот по завршувањето на мечот (1-1), да се пресметаат со своите фудбалери поради нивните лоши игри и резултати во текот на сезоната.

Погба до малиот Јане: Ти благодарам за убавата енергија која ми ја даваш

Најскапиот фудбалер на Манчестер јунајтед, Пол Погба испрати емотивна порака до малиот Јане кој е врзан во количка поради болеста спинална мускулна атрофија.

Прв гол на Адеми во дресот на Динамо по суспензијата

Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми по речиси две и полгодишна пауза го постигна првиот гол во дресот на Динамо Загреб.

Адеми беше стрелец на третиот погодок за Динамо во победата од 4-2 над Истра во четвртфиналето на фудбалскиот Куп на Хрватска.

Спектаклот на навивачите на Вардар во петте најдобри навивачки групи во Европа за изминатата недела (13 – 19.11.2017)

Навивачката група на Вардар, популарните „Комити“ минатиот викенд прославија 30 години од нивното постоење.

Покрај оваа прослава „Комитите“ го прославија и 70 годишното постоење на својот омилен клуб, ФК Вардар.

Кога ќе се поврзат овие две работи, не може да се очекува ништо помалку од еден голем спектакл, каков што и приредија фановите на Вардар.

За тој спектакл покрај во нашата држава, видоа и во другите делови во Европа.

Поради тоа „Комити“ и се најдоа во топ-5 навивачки групи во Европа за изминатата недела.

5.Комити Скопје

4.Делије- фановите на Црвена Звезда

3.Фановите на француски Бордо

2.Лешинари- фанови на Борац Бања Лука

1.Фановите на Легија Варшава

Селекторот на Алжир „дивееше“ на прес-конференција: Замолчи, замолчи, замолчи…!

Вистинско шоу се одвиваше на прес-конференција на репрезентацијата на Алжир по победата од 3-0 против Централната афричка република.

Селекторот на Алжир, Рабах Мадјер полуде по едно наизглед нормално прашање упатено кон нивниот најдобар фудбалер и член на Лестер, Махрез: „Како ја оценуваш денешната игра на Алжир?“.

Но, на Мадјер очигледно не му беше важно какво е прашањето туку кој го поставува затоа што од поодамна имал нетрпеливост со новинарот.

Како шведските навивачи ја тешеа Италија

Навивачите на Шведска се цареви и кога во моментите имаа потполно право да го превртат стадионот од среќа и радост, тие им ја пееја на домаќините „Always look on the bright side of life“. Иако нема утеха ниту за играчите, ниту за навивачите, ни за цела земја која сега ќе мора да го чека Катар 2022

Стави го Инсиње, што ќе сум ти јас

Џампјеро Вентура целосно го изгуби компасот како селектор на Италија и во клучните моменти кога требаше да се нападне Шведска, тој сакаше во игра да го стави ветеранoт Даниеле Де Роси кој бурно реагираше на одлуката бидејќи мислел дека е подобро во игра да го стави Инсиње бидејќи им треба гол по секоја цена.

Нокаутираше судија со колено, па веднаш е избркан од клубот…

Марко Гонсалвес, фудбалер на нисколигашот Канелас 2010 од Португалија, нокаутираше судија со колено на сред натпревар. Веднаш потоа, Гонсалвес е избркан од клубот од каде објавија дека никогаш повеќе нема да го носи нивниот дрес.

Се почна по една гужва пред шеснаесетникот на гостите, во натпревар од четвртата лига на Португалија, кога Гонсалвес удри противнички фудбалер. Судијата сето тоа го забележа доделувајќи му црвен картон, по што Гонсалвес веднаш со колено го нокаутираше судијата.

Без сомнение ова е најголемото промашување во историјата на фудбалот

„Шанса која е потешко да ја помашиш отколку да постигнеш гол“, израз кој постои колку и самата фудбалска игра. Многу често фудбалските фанови биле сведоци на неверојатни промашувања, но она што не успеа да го претвори во гол неименуван српски фудбалер се граничи со невозможното.

ФИФА во понеделникот ја објави листата на десет најубави голови во 2016 година кои конкурираат за наградата „Ференц Пушкаш“, но можеби во Светската организација треба да размислат да воведат награда и за промашување на годината.

Доколку таква награда постоеше годинава, српскиот фудбалер ќе се стекнеше со бесмртност, неговото промашување е можеби наголемо на сите времиња.

Имено, на аматерски натпревар во Србија меѓу Турбина од Врбовац и Локомотива од Макиш, играчот на Локомотива успеа да го промаши празниот гол од далечина не поголема од еден метар.

Incredible open goal miss | Worst miss ever | 2016

najgolemoto promasuvanje vo istorijata na fudbalot

„Луда“ случка во Данска: Ветер му ја врати топката на голманот од половина терен, судијата досуди индирект

Погледнете ја оваа неверојатна случка на дуелот од данското првенство меѓу Сондерјиске и Митјиланд кога гостинскиот голман силно ја шутна топката од сопствениот шеснаесетник, за таа да му се врати… поради силниот ветер.

Insanely windy conditions cause a bizarre incident in the Danish Superliga

insanely windy conditions cause a bizarre incident in the danish superliga

veter mu ja vrati topkata na golmanot

Невереојатно видео од фудбалски натпревар во Србија. Кога сите мислеа дека е гол, топката застана на гол линијата

невереојатно видео од фудбалски натпревар во србија. кога сите мислеа дека е гол, топката застана на гол линијата, koga site mislea deka e gol topkat zastana na gol linijata

Хаос во Делчево: Пенал кој ја докажува можеби корупцијата во мак фудбалот (Видео)

Сведоци сме на еден голем криминал во модерниот фудбал, па поради тоа се уште неможеме да напредуваме како фудбалска земја. Се почести се случките кога поголемите и финансиски помоќните клубови го наметнуваат своето влијание, без разлика дали се работи за Прва македонска фудбалска лига, Втора или Трета.

Парите и политиката го надвладеаја фудбалот во нашата држава. Доколку клубот е во сопствеништво на некој богат газда, кој лесно може да манипулира со арбитарот кој е назначен за овој натпревар, многу лесно можат да стасаат до посакуваните позиции на табелите, додека помалите екипи, во кои играчите играат за минимални финансиски средства, не успеваат да го наметнат своето влијание и покрај што и во нив има доста квалитетни и талентирани млади играчи, од кои што еден ден можеби ќе зависи и самата репрезентација.

Пример за тоа е вчерашниот натпревар од Третата македонска фудбалска лига – Исток, меѓу екипите на Брегалница Делчево и Беласица, кој заврши со победа на гостите со резултат од 3:1, но дали Беласица навистина чесно ги заработи овие три бода.

Богатиот газда на клубот, кој од Струмица допатува да ги следи своите избраници, изгледа дека имаше големо влијание кај главниот судија на натпреварот, Стојанче Стојанов.

Најпрво на самиот старт на натпреварот, еден од гостинските фудбалери остро стартуваше врз еден од напаѓачите на Брегалница, што на крај резултираше само со повреда на делчевскиот фудбалер. Овој прекршок остана нерегулиран како и многу други кој беа предизвикани од страна на гостите.

Како „јагода на шлагот“ беше моментот кога судијата Стојанов си дозволи да пресуди пенал во полза на Беласица, при водство од 0:1 за гостите, иако основа за таква одлука немаше. Кај сите остана дилемата како главниот арбитар го виде пеналот од огромна далечина, а реакција од неговиот помошник, скоро па немаше.

Делегатот на натпреварот Игор Данилов, исто како да не беше присутен на овој натпревар, па реакција за оваа контроверзна ситуација од негова страна немаше.

Кај бројните љубители на фудбалот кои беа собрани на стадионот „Гоце Делчев“ во Делчево, да ја дадат својата подршка за тимот со кој што со години наназад се гордеат, остана дилемата кој и зошто го расипува фудбалот во Македонија, и дали воопшто има некој кој ќе реагира од страна на ФФМ вакви инциденти да не се случуваат, но сепак митото и корупцијата изгледа дека е навлезена длабото и во целата фудбалска федерација на Македонија. Од овде излегува само еден заклучок: „Колку пари, толку фудбал“.

Haos vo Delcevo, nepostoecki penal

Веста е преземена од http://sportclub.mк