Бундестагот даде зелено светло, најверојатно и Франција ќе каже „да“

Макрон ќе даде зелено светло Македонија да ги почне преговорите за членство во ЕУ.

Advertisements

На парадата во Париз се појави „летачки војник“

По повод францускиот национален празник Ден на падот на Бастиља во Париз, вниманието го привлече поранешниот џет-ски шампион Фреки Запата кој леташе на својот „Флајбор ер“ – лебдечка купола која му овозможува маневри како од научнофантастичните филмови.

Спектакуларна сцена се одвиваше на дефилето пред трибината, на која седеше претседателот Емануел Макрон.

На снимката објавена на социјалните мрежи се гледа дека Запата во рака носи автоматска пушка, што укажува дека ова летало би можело да биде употребено во арсеналот на француската војска.

Неуспешен крај на хрватската бајка: Франција вторпат на светскиот трон!

Франција по втор пат во својата историја е светски првак во фудбал, откако денеска во големото финале на Мундијалот во Русија ја совлада Хрватска со 4-2.

„Триколорите“ повторно се на светскиот трон, по 1998 година, кога беа домаќини на турнирот. Денеска на „Лужники“ Хрватска играше, а Франција даваше голови.

Натпреварот почна баксузно за „коцкестите“ откако Марио Манџукиќ го отвори резултатот и тоа со гол во својата мрежа во 18-тата минута. Иван Перишиќ успеа да израмни десет минути подоцна. Франција повторно се врати во водство, откако Иван Перишиќ играше со рака во својот шеснаесетник, а судијата Нестор Питана покажа на белата точка откако се консултираше со ВАР-технологијата. Антоан Гризман беше прецизен од белата точка во 38-та минута.

Во вториот Хрватска продолжи да доминира, но Франција со два брзи гола од далечина успеа да си ја обезбеди титулата светски првак. Прво погоди Пол Погба во 59-тата минута, а шест минути подоцна реализираше и Килијан Мбапе. Манџукиќ успеа да ја погоди вистинската мрежа во 69-тата минута, откако францускиот голман Иго Лорис кисираше за конечни 4-2.

Untitled

Франција е прв финалист на СП, Умтити со златен гол ги сруши соништата на Белгија

Во првото полуфинале на Светското првенство Франција минимално славеше над Белгија (1-0) и е првиот учесник во големото финале. Избраниците на Дидие Дешамп ќе играат за втората светска титула во својата историја, откако првата ја освоија пред 20 години пред своите гледачи.

Untitled.png

Франција во полуфинале: Варан и Муслера скапо го чинеа Уругвај

Светскиот првак од 1998 година, Франција е првиот полуфиналист на 21-от Мундијал во Русија, откако „триколорите“ попладнево славеа со 2-0 против Уругвај во првиот четртфинален меч на шампионатот.

Франција не го надигра Уругвај, ама си ги искористи двата кикса на јужноамериканците за да дадат два гола и со тоа да бидат првите полуфиналисти на ова СП. Пет минути пред крајот на полувремето, Рафаел Варан со глава ја скрши уругвајската дефанзива за водство од 1-0, а Ентоан Гризман на половина час пред крајот со погодок благодарение на голманот Фернандо Муслера го дуплираше водството и практично стави точка на прашањето кој ќе оди во полуфинале од овој меч.

Uruguay v France – 2018 FIFA World Cup Russia™ – Match 57

Untitled.png

Франција ја победи Аргентина во спектакуларен меч

Нокаут фазата на Светското првенство почна моќно, Франција и Аргентина одиграа фантастичен натпревар со седум погодоци кој го добија Французите со 4-3.

Untitled.png

Смешно реми и анти-фудбал: Франција и Данска си завршија работа

Франција и Данска со реми од 0-0 во меѓусебната пресметка рутински си ја одработеа задачата во третото коло, обезбедувајќи си го пласманот во осминафиналето од мундијалот. Нерешениот исход им одговараше и на двете селекции, „триколорите“ за да се задржат на првото место во групата, а Данска за да биде сигурно втора, па токму поради тоа и едните и другите многу повеќе размислуваа на сочувување на сопствената мрежа, отколку на напади кон противничкиот гол.

Denmark v France – 2018 FIFA World Cup Russia™ – Match 37

Untitled

Мбапе испиша историја, Франција го совлада Перу со 1-0

Франција е најновата селекција што обезбеди пласман во осминафиналето од СП 2018 откако „триколорите“ денеска стигнаа до нова минимална победа, овојпат од 1-0 против селекцијата на Перу. Килијан Мбапе беше човекот на одлука, постигнувајќи го победничкиот погодок за испишување на историја, како најмлад стрелец (19 години и шест месеци) за „триколорите“ на големите натпреварувања.

France v Peru – 2018 FIFA World Cup Russia™ – Match 21

Untitled

Франција со бледа игра сепак успеа да триумфира над Австралија (2-1)

Франција со бледа игра сепак успеа да триумфира над Австралија (2-1) и да стигне до цел плен на својот премиерен натпревар од СП 2018 во Русија. Дидие Дешамп се реши за драстично подмладен состав при што првите единаесетмина беа со просечна возраст од 24 години, а Французите со играта беа далеку под очекувањата на своите навивачи. Сепак, на крајот пресуди класата на „триколорите“, кои благодарение на Пол Погба спречија изненадување на овој премиерен натпревар

Untitled.png

 

 

ЕМИГРАНТ ОД МАЛИ ГИ ОСВОИ СРЦАТА НА ЦЕЛА ФРАНЦИЈА, СПАСИ ДЕТЕНЦЕ КОЕ ВИСЕШЕ ОД БАЛКОН

Младиот мигрант од Мали, 22-годишниот Мамаду Гасама, стана херој во очите на светската јавност откако се искачи по балконите на една зграда во Париз за да спаси четиригодишно дете кое висеше од балконот на четвртиот спрат.

По неверојатниот подвиг кој е снимен на видео кое брзо се прошири низ социјалните мрежи со неколку милиони прегледи, властите одлучија да му дадат француско државјанство. Градоначалничката на Париз, Ен Хидалго, го пофали неговиот „чин на храброст“, додавајќи дека и лично му изразила благодарност. Таа е првата која го нарекла „Спајдермен од 18-тиот“ кој се однесува на округот каде се случил настанот.

Во знак на благодарност „херојот од Париз“, кој  го доби прекарот Спајдермен, денеска беше почесен гостин во Елисејската палата каде што го прими лично францускиот претседател Емануел Макрон и го одликува со највисоко признание за неговото хумано и несебично дело. Макрон му вети и добивање француско државјанство и прием на работа во пожарникарската служба.

Трамп му го зачисти првутот на Макрон

Макрон заедно со својата сопруга се наоѓа во тридневна посета на САД, а претседателот на САД, Доналд Трамп, му го подзачисти сакото на францускиот претседател, пред да се фотографираат за време на средбата во Белата куќа

Trump jokingly brushes ‘dandruff’ off Macron

Страшни сцени во Франција: Навивачите на Лил влегоа на терен да ги тепаат фудбалерите

Немили сцени се случија на натпреварот меѓу Лил и Монпелје во францускиот шампионат. Фановите на домашниот тим влегоа на теренот по завршувањето на мечот (1-1), да се пресметаат со своите фудбалери поради нивните лоши игри и резултати во текот на сезоната.

Македонската група „Перија“ ја воодушеви публиката во Тулон (Франција)

Групата „Перија“, која изведува традиционални македонски песни, со својот настап ја воодушеви публиката во францускиот град Тулон.

Како што објави тулонскиот локален весник „Стар Вар“, со настапот на група „Перија“, која беше на поминување низ Тулон, пубиката имаше огромната чест да ја открие прекрасната музика што доаѓа од Македонија.

Гол на денот: Ремек-дело на Оливие Жиру (видео)

Најубавиот погодок на денешните квалификациски средби дефинитивно беше дело на Оливие Жиру, откако францускиот ас со фантастичен волеј удар со левата нога го матираше шведскиот голман. Топката доби неверојатно движење, по што домашниот чувар на мрежата можеше само немоќно да проследи како таа му завршува во мрежата.

Сепак, ниту овој еврогол не им помогна на Французите да стигнат до позитивен резултат откако Шведска славеше со 2-1, најпрвин израмнувајќи преку Дурмаз, а потоа во судиското продолжение стигнувајќи до три бода со погодокот на Тоивонен.