Скоро 500 фирми бараат 70 милиони евра, во Фондот за иновации има само 5 милиони

Фондот за иновации упорно бара пари да поддржи што поголем број фирми кои аплицираа на вториот јавен повик за комерцијализација на иновации.

Advertisements

Двојно зголемен интересот за грантови од фондот за иновации, ама буџетот е само 5 милиони евра

Околу 500 компании аплицирале на вториот јавен повик на Фондот за иновации за комерцијализација на иновации.

Проект „Брендирани млади органски салати“ на компанијата Аквапоника – од нива директно на трпеза

Проектот „Брендирани млади органски салати“ на компанијата Аквапоника има за цел да развие максимален квалитет во производството, а на потрошувачите да им понуди нова линија на млади органски салати и да ја зголеми довербата во органското производство во земјава.

Аквапоника: „Аквапоника е мало земјоделско стопанство, што се наоѓа во село Орешани, недалеку од Скопје. Се занимаваме со производство на органски зеленчук, а пред се на органски салати. Со овој проект кој е поддржан од #ФИТР на нашите потрошувачи ќе им понудиме нова линија на млади органски салати. Се работи за рукола, марула, спанаќ и блитва чии ливчиња не се поголеми од 10 сантиметри, а кои веднаш по бербата, токму тука, на нива, ќе ги измиеме и ќе ги спакуваме. По тоа ќе ги дистрибуираме, обидувајќи се целата свежина од нивата да ја донесеме во Вашата чинија дома.

На овој начин сакаме да постигнеме максимален квалитет, но и да ја зголемиме довербата на нашите потрошувачи во органското производство. Целата наша приказна ќе ја раскажеме во брендот што ќе биде развиен во текот на овој проект. Се надеваме дека на овој начин ќе ги поттикнеме и останатите земјоделци да размислуваат на одржлив развој на органското земјоделство, а кај потрошувачите ќе поттикнеме здрави навики во исхраната, но и потрошувачки навики со поголема одговорност за животната средина.“

Компанијата Аквапоника е една од над 130 домашни компании/конзорциуми поддржани од ФИТР во рамките на првиот јавен повик од Планот за економски раст на Влада на Република Северна Македонија

Со првиот и вториот инвестициски бран се реализираат инвестиции во домашниот приватен сектор во износ од 28 милиони евра. Се ангажираат над 780 лица, од кои 158 се нови работни места, со просечна плата од 45.000 денари.

Фонд за иновации и технолошки развој – Проектот „Аеросолен систем за брзо гасење на пожар“

Проектот „Аеросолен систем за брзо гасење на пожар“ е на компанијата Веда која постои 27 години. Во овој период оваа компанија се занимавала со истражување на нови производи и нови технологии, а своето производство во изминатите децении го пласирала исклучиво во повеќе развиени земји на странскиот пазар.

Веда: „Паралелно работевме на создавање и на нови производи како што е системот за аеросолно гаснење на пожар. Се очекува дека во блиска иднина 50 проценти од системите за гаснење на пожар ќе се базираат на овој принцип. Ова беше забележано и во светската стручна јавност. Минатата година, четири најеминентни професори, преку издавачката куќа „Спрингер“, издадоа алманах во кој оваа наша технологија е презентирана како идна апликација во областа на млазната пропулзија.

Благодарение на средствата што ќе ги добиеме од Фондот за иновации и технолошки развој за овој проект, ќе извршиме сертификација на нашиот производ и врз основа на тоа ќе започнеме со сопствено производство во Македонија. Со овој производ планираме да настапиме пошироко на светските пазари, очекувајќи дека тој ќе стане познат македонски бренд“

Компанијата Веда е една од над 70 домашни компании/конзорциуми поддржани од #ФИТР во рамките на првиот јавен повик од Планот за економски раст на Влада на Република Македонија

Со првиот инвестициски бран се реализираат инвестиции во домашниот приватен сектор во износ од 20 милиони евра. Се ангажираат 460 лица, од кои 85 се нови работни места, со просечна плата од 48.000 денари.

Фонд за иновации и технолошки развој – Проектот WINETOURS.GURU

Проектот „WINETOURS.GURU – Платформа за љубители на вино“ е на домашната компанија Вебглајдерс која е формирана во 2011 година во Крушево. На почетокот оваа компанија се занимавала со давање на информатички услуги за клиенти од Македонија и странство.

Вебглајдерс: „Пред 2 години започнавме со работа на наш сопствен продукт – платформата за резервации на алтернативни тури и понуди „When in X“. Во истата насока продолжуваме и со овој проект – Winetours.guru кој претставува платформа за љубителите на виното. Платформата има три сегменти: првата е резервации на вински тури и соодвтетни услуги, дегустации и спиење во винариите. Втор сегмент е електронската комерција т.е. продажба на вино и дополнителни производи, додека третиот сегмент е вмрежување на винарниците заедно со љубителите на вино.

Со добиената поддршка од страна на #ФИТР очекуваме целосно да ја развиеме платформата до фаза на комерцијализација, како и пролетта 2019 година да ја исфрлиме на пазарот првата верзија. За почеток очекуваме да ги опфатиме домашниот, како и регионалните пазари, односно Словенија и Хрватска. Заедно со нашиот соработник од Италија кој е вклучен во овој проект ги таргетираме и европските пазари, односно Италија, Франција, Португалија и Шпанија.“

Компанијата Вебглајдерс е една од над 70 домашни компании/конзорциуми поддржани од ФИТР во рамките на првиот јавен повик од Планот за економски раст на Влада на Република Македонија

Со првиот инвестициски бран се реализираат инвестиции во домашниот приватен сектор во износ од 20 милиони евра. Се ангажираат 460 лица, од кои 85 се нови работни места, со просечна плата од 48.000 денари.