После 18 години Борец од Велес се врати во ПМФЛ и заигра пред полн стадион

ФК Борец од Велес се врати на фудбалската мапа и заигра во најдобрата македонска фудбалска лига и на својот натпревар на домашен терен на стадионот ,,Зоран Паунов” одигра реми со фаворитот Вардар и освои премиерен бод во ПМФЛ.

Бодот и не е толку во прв план колку што беше прекрасната атмосфера и преполниот стадион со гледачи кои покажаа дека Велес го сака спортот, воедно и дека овој град е навистина спортски град. Двете навивачки групи Гемиџии Велес и Комити Скопје во текот на целиот натпревар беспоштедно ги бодреа своите миленици.

ui.jpg

Advertisements