Усаин Болт ги постигна првите два гола како професионален фудбалер

Светскиот рекордер во спринт на 100 и 200 метри, Усаин Болт ги постигна првите два гола за професионален фудбалски тим.

Тоа се случи при победата на австралискиот Централ Коуст Маринерс со 4:0 над Мекартур Саут Вест Јунајтед.

Јамајканецот, кој е на проба во тимот, го реализира третиот и четвртиот гол на натпреварот и со нив го оформи крајниот резултат.

Untitled