Франција во полуфинале: Варан и Муслера скапо го чинеа Уругвај

Светскиот првак од 1998 година, Франција е првиот полуфиналист на 21-от Мундијал во Русија, откако „триколорите“ попладнево славеа со 2-0 против Уругвај во првиот четртфинален меч на шампионатот.

Франција не го надигра Уругвај, ама си ги искористи двата кикса на јужноамериканците за да дадат два гола и со тоа да бидат првите полуфиналисти на ова СП. Пет минути пред крајот на полувремето, Рафаел Варан со глава ја скрши уругвајската дефанзива за водство од 1-0, а Ентоан Гризман на половина час пред крајот со погодок благодарение на голманот Фернандо Муслера го дуплираше водството и практично стави точка на прашањето кој ќе оди во полуфинале од овој меч.

Uruguay v France – 2018 FIFA World Cup Russia™ – Match 57

Untitled.png

Роналдо и Португалија капитулираа: Уругвај јуриша на Франција во четвртфиналето!

Кристијано Роналдо и европскиот првак Португалија го завршија својот пат на фудбалскиот Мундијал во Русија, поразени од Уругвај, во осминафиналето.

Уругвајците ја совладаа Португалија со 2-1, понесени од фасцинантната партија на Единсон Кавани.

Untitled.png

 

СП 2018: Уругвај го нанесе првиот пораз на домаќинот Русија

Уругвај ја освои битката за првото место во групата „А“, откако ја победи Русија со 3-0, со што го нанесе првиот пораз на домаќинот на Светското првенство.

Погодокот на Луис Суарез (10), автоголот на Денис Черишев (23) и прецизниот удар на Единсон Кавани во последната минута ја донесоа третата последователна победа на „урусите“, кои се уште немаат примен гол.

Untitled.png

Радост на Уругвај – Хименез ги „поправи“ промашувањата на Суарез (Египет 0-1 Уругвај)

Уругвај по голема битка успеа да стигне до цел плен на дуелот со Египет, триумфирајќи со 1-0 благодарение на голот на Хименез постигнат во 90. минута од мечот одигран во Екатеринбург. Во поголемиот дел овој натпревар делуваше многу здодевно, но Уругвајците притиснаа во последните десетина минути, Кавани го погоди и дирекот пред Хименез да го постигне победничкиот погодок. Мохамед Салах и покрај најавите дека ќе игра сепак не се појави на теренот, од клупата за резервни немоќно следејќи го победничкиот погодок на противникот.

Untitled