Кајмакџи: Турција ќе го ратификува протоколот за членство во НАТО

Advertisements

Во Битола одбележани 120 години од дипломирањето на Ататурк

Во Битола беше организирана комеморативна програма по повод 120 години од дипломирањето во Средното воено училиште на големиот турски лидер, Мустафа Кемал Ататурк, јавува Anadolu Agency (AA).

На комеморацијата во поранешното Средно воено училиште во Битола, кое денеска е Градски музеј на Битола, учествуваа заменик-министерот за одбрана на Република Северна Македонија, Беким Максути, заменик-министерот за труд и социјална политика, Ѓонул Бајрактар, заменик-началникот на Генералштабот на Армијата на Северна Македонија, генерал-мајор Азим Нуредин, заменик-амбасадорот на Турција во Скопје, Умут Лутфи Озтурк, делегација на Турските вооружени сили под водство на бригадниот генерал Алтан Ер, пратеници, претставници на турските институции и организации во земјата и други гости.

Церемонијата започна со едноминутен молк и интонирање на химните на двете земји, по кој бригадниот генерал Алтан Ер во своето обраќање истакна дека Средното воено училиште во Битола е значајна образовна установа која дала важен придонес во развојот на лидерскиот карактер на Ататурк.

Вонредни избори во Турција | Дали Мухарем Инче ќе го спречи Ердоган да победи

Во Турција денеска се одржуваат вонредни претседателски и парламентарни избори, на кои право на глас имаат 56 милиони регистрирани гласачи.

Ова ќе бидат први избори одржани во вонредна состојба, која е воведена по обидот за државен удар во јули 2016 година, и откако на 16 јули лани, на референдум беше изгласано воведување претседателски систем во земјата.

Кандидатот на најсилната опозициска Народна републиканска партија, Инче е најгласниот опонент на Ердоган.

 

Јаховиќ за историја: Автогол, па хет-трик на Македонецот во Гезтепе

Адис Јаховиќ испиша историја во фудбалска Турција како прв фудбалер што постигна автогол, а потоа на спротивната страна запишал хет-трик зад своето име.

Гезтепе на Јаховиќ му гостуваше на тимот на Сиваспор, а во главна улога беше токму поранешниот репрезентативец на Македонија, кој го отвори резултатот откако по еден корнер со силен удар со глава ја смести топката по гредата на својот гол.

Сепак, Јаховиќ покажа карактер и самиот направи пресврт, најпрвин израмнувајќи на 1-1, за потоа со два гола да го комплетира својот хет-трик.

Гезтепе со овој триумф се искачи на делба на првото до третото место на табелата, рамо до рамо со Бешикташ и со Галатасарај.

Sivasspor – göztepe ÖZET 24.09.2017

Смешна сцена со џандар во турскиот куп

Случка на мечот МС Синопспор – Јени Амасјаспор (4:2) од турскиот фудбалски куп вреди повеќе од трофејот во ова натпреварување. А толку беше искрен што дури и крена рака да се извини па продолжи да збори к’о ништо да не било. Епски!

https://twitter.com/galadione/status/899975136845201408

ВИДЕО: Апокалиптично невреме во Истанбул, има и повредени

Силно невреме попладнево го погоди турскиот град Истанбул.

Водата однела многу возила, а граѓаните останаа заглавени, враќајќи се накај дома во попладневниот сообраќаен шпиц.

Летовите на Меѓународниот аеродром Ататурк се откажани, а не работни ни метро сообраќајот, соопштија властите.

Македонија 0 – 0 Турција | Поништени 2 гола на нашата репрезентација

Во 19. минута од дуелот, Езгијан Алиоски нафрли од слободен удар Мојсов втрча со глава во шеснаесетникот на гостите, и иако се чини од регуларна позиција, главниот судија на сугестија на својот помошник се одлучи да го поништи поради наводна офсајд позиција.

Офсајд или не. Оштетени или не, проценете сами…!?

Откако во првото полувреме беше поништен голот на Даниел Мојсов во 19. минута, сега во 52. минута главниот судија Станислав Тодоров (Бугарија) го поништи и погодокот на Езгијан Алиоски кој одлично зафати една одбиена топка од 16 метри… Сепак, погодокот беше поништен поради офсајд позицијата во која се најде капитенот Горан Пандев непосредно пред голманот на гостите, Волкан Бабачан…