Tag Archives: Трите

Фатиме кажува вицови

Advertisements

Обвинителката Фетаи направи пародија на дел од коментарите за нејзиното излегување во дискотека

На гала вечерта на раскажување женски приказни „ПричПич“, меѓу раскажувачките говореше специјалната јавна обвинителка, Фатиме Фетаи. Годинава темата на која се говореше е „Добив“.

Обвинителката Фетаи направи пародија на дел од коментарите за нејзиното излегување во дискотека, за кое доби критики на социјалните мрежи. Таа настанот го опиша како да е кривично-правен настан, на кој, било извршено кривично дело. Фетаи рече дека првин ја прифатила поканата на пријател да излезе во кафуле на кое имало караоке забава. Имала желба да запее, ама не го сторила тоа.

„Трите“ – втор дел: Афери, закани, страв

Афери, скандали, дискредитации. Што е вистината за трите обвинителки?

Нападите почнаа по првата прес-конференција, кога стана јасно дека сериозно ја сфатиле задачата и ќе одат до крај во расчистување на криминалот.

Што чувствуваа кога ги преслушуваа разговорите?

Колкаво обезбедување користат Катица, Ленче и Фатиме?

Гледајте во вториот дел од сторијата „Трите“ на А1он.

Преземено од http://a1on.mk

„Трите“-прв дел: Досие за Катица, Ленче и Фатиме

Трите специјални обвинителки дојдоа во најтешкото време за Македонија. Народот спасот го гледаше во три жени кои храбро влегоа во битка со криминалот. Посилни од сите политичари заедно, зошто изнесоа на улици илјадници без ниту еден збор. Сторија на А1он во три дела-првиот за создавањето на СЈО, вториот за сите афери и напади кои ги следеа обвинителките и третиот за приватниот живот.

Како обвинителките Катица Јанева, Ленче Ристоска и Фатиме Фетаи стигнаа до СЈО? Колку нивната волја да се успее била посилна од сите препреки? Сторија за човечката издржливост, непоколебливост. Што се случуваше далеку од очите на јавноста додека се формираше Специјалното јавно обвинителство, како почнаа и со што се соочуваа? Како реагираа најблиските?

Прв дел од сторијата за СЈО на А1он.

Преземено од a1on.mk

„Трите“-досие за Катица, Фатиме и Ленче

Кои се обвинителките Катица Јанева, Ленче Ристоска и Фатиме Фетаи во приватниот живот? Што се случуваше далеку од очите на јавноста додека се формираше Специјалното јавно обвинителство?

Како реагирале трите обвинителките за сите напади и афери кои ги следеа?

Сторија на А1он во три дела која стартува од следната недела.