300 милиони евра е вредноста на земјоделското производство во струмичко

Изградени 7.000 метри од мрежата за системот за наводнување на јужната долина на реката Вардар

За три месеци се изградени околу 7.000 метри од планираната секундарна мрежа (разводни цевководи), интензивно се поставува и терциерната мрежа за наводнување (дистрибутивни цевководи), а во полн ек е и изградбата на пумпната станица Јосифово, рече министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски по денешната посета на системот „Јужновардарска долина“ кај Удово.

Според Димковски, градежните работи се одвиваат согласно предвидената динамика.

-Со системот очекуваме да обезбедиме навремено и квалитетно наводнување на повеќе од 2.000 хектари земјоделска површина. Се работи за затворен, модерен софистициран систем. Водата со пумпи ќе се носи од реката Вардар. Ќе се градат и неколку пречистителни станици за водата што ќе се носи до нивите да биде филтрирана. Системот ќе значи многу во менаџирањето на наводнувањето и искористувањето на природните ресурси, а тоа на крај ќе влијае и врз подобрување на квалитетот на производите, изјави министерот.