Руски бенд украде песна од Тоше Проески

Битките за прекршување на авторските права се мошне честа појава на Западот, особено кога станува збор за плагијаризам, односно копирање дури и на најмал извадок од авторски материјал без дозвола од легитимниот сопственик. Се чини дека ваков прекршок направи и рускиот бенд „Земљане“, кој во февруари годинава ја објави песната „Боже“, чија музика е сосема идентична со хитот „Боже, чувај ја од зло“ на нашиот Тоше Проески.

Ова особено ја разлути македонската публика, која остави бројни коментари под објавената песна на Јутјуб, бидејќи како автор на музиката е наведен Владимир Трушин, додека за стиховите бил задолжен Владимир Киселев. 

Оригиналната верзија на Тоше, која е сместена на неговиот последен албум „Игри без граници“ (2007), е дело на хрватските автори Миро Буљан и Антонија Шола, па дали тие дале согласност или допрва ќе се огласат по ова прашање, останува да видиме.

Каролина, Тијана, Јелена, Васил и Вера од „Љубојна“ ја пеат „Во коси да ти спијам“ од Тоше

Новогодишните емисии на македонските телевизии и годинава ги имаше во голем број, а оние што одлучија на најлудата ноќ да останат дома, имаа можност да одберат во чие друштво ќе ја дочекаат Новата 2019 година. Меѓу нив беше и екипата на популарната ТВ серија „Преспав“, која приреди одлично тричасовно шоу, збогатено и со музички гостувања на голем дел од нашите најпознати пејачи.

Особено впечатлив беше заедничкиот настап на актерите Јелена Јованова и Васил Зафирчев со Тијана, Каролина и Вера од „Љубојна“, кои му оддадоа чест на својот легендарен колега Тоше Проески, изведувајќи го неговиот хит „Во коси да ти спијам“, а видеото го сподели и Каролина на својата страница на Фејсбук.

Гоца Тржан за Тоше Проески: Сакаше материјални работи, сакаше да вози добар автомобил, го сакаше животот

Оваа сабота во „Вечер со Тијана“ на 1ТВ, Гоца Тржан ги отвори картите на маса. Искрено и без влакна на јазикот ги сподели своите впечатоци и животни искуства од приватноста, но и детали за Тоше Проески.

Стеван Анѓелковиќ со одлична имитација на Тоше Проески во ТЛЗП

Во вчерашната епизода на емисијата „Твоето лице звучи познато“ еден од учесниците го имитираше легендарниот Тоше Проески. Станува збор за српскиот пејач Стеван Анѓелковиќ, кој ја отпеа „Игри без граници“, половина на македонски, а половина на српски јазик, што е навистина за пофалба.

Овој настап беше најемотивниот момент од целата емисија, а како изгледаше сето тоа можете да погледнете

Тажна беседа на Игор Џамбазов за ТошеПроески – “Ти почина без да умреш, а ние умревме без да починеме”

Тажна беседа на Игор Џамбазов за ТошеПроески: Плачевме многу, плачеме сеуште (има и за кого да плачеме). Сигурен сум дека и ти плачеш во овој момент и сакаш да си барем две минути со нас.

Во чест на Тоше, „Инструментал бенд“ ја преработи „Полско цвеќе“

И после 10 години од неговата прерана смрт, Тоше Проески останува и понатаму да биде најголема инспирација за новите музички генерации, а голем дел од нив одлучуваат да направат и по некоја преработка на неговите најголеми хитови. Таква одлука донеле и момците од битолскиот „Инструментал бенд“, кои направија одлична преработка на „Полско цвеќе“.

10 години без Тоше одбележани со уште една нова песна

Поминаа точно 10 години откако Македонија и Балканот останаа без својот најголем идол и најсветла музичка ѕвезда, неповторливиот Тоше Проески. Секоја година, 16 октомври ни ја враќа горчината во срцата, потсетувајќи нè на тоа кобно утро кога сите се молевме некој да ги демантира вестите на хрватските медиуми, да рече дека сè е лага…

Но, секоја година имаме и повод повеќе да се потсетуваме на неговото најголемо дело – музиката, а одвреме-навреме да слушнеме и по нешто ново, сокриено во неговата богата архива на необјавени песни, кои ни даваат утеха и го потврдуваат фактот дека Тоше има само датум на раѓање.

2017 е година на Тоше. Освен премиерата на првиот македонски мјузикл во негова чест, насловен по бесмртната „Тајно моја“, годинава ќе биде одбележана и со уште еден албум со досега необјавени песни, од кои неколку веќе ги слушнавме во изминатиот период, а како што беше најавено, денеска својата премиера ја доживеа и темата насловена „Кад волиш“.

Интересно е тоа што станува збор за преработка на хитот од неговата колешка Каролина Гочева, чија македонска верзија го носи насловот „Штом сакаш“ и е сместена на нејзиниот албум „Знаеш колку вредам“ (2003). Автори на песната се Мирко Вукомановиќ (музика) и Снежана Вукомановиќ (текст), а како звучи сето тоа во изведба на легендарниот Тоше можете да слушнете во продолжение.

„Light the flame“ е новата песна од Тоше

На традиционалниот настан „Ѕвездено небо“ на плоштадот Македонија, вечерва беше објавена нова песна на англиски јазик од нашата музичка легенда Тоше Проески.

Песната се вика „Light the flame“ и е авторско дело на англискиот продуцент Енди Рајт.

Tose Proeski – Light the flame 2017

Во чест на Тоше, Огнен Здравковски ја препеа „Кад вараш ти“

По повод 10-годишнината од смртта на легендарниот Тоше Проески, младиот пејач Огнен Здравковски во негова чест ја препеа баладата „Кад вараш ти“. Снимањето, миксот и мастерингот ги направи Бобан Василевски во студиото „Торус“, на клавир гостува Иван Еминовиќ, на виолина Олгица Здравковска и на виолончело Љупка Манчевска, а видеото снимено во хотелот „Александар Палас“ и на сцената во МОБ го режираа самиот Огнен и Борис Ташковски. Како изгледа и звучи сето тоа можете да погледнете горе.

Боби и Даниел ја преработија „Игри без граници“ во чест на Тоше

По повод 9-годишнината од смртта на легендарниот македонски пејач и музичар Тоше Проески, кој трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа на 16 октомври 2007 година, неговите помлади колеги Боби Мојсовски и Даниел Јовески направија преработка на еден од неговите последни хитови, „Игри без граници“.

Bobi Mojsovski ft Daniel Joveski – “Igri bez granici” (Tribute to Tose Proeski)

ВИДЕО: Турска обожавателка сподели досега НЕВИДЕНА снимка од Тоше!

Навршија девет долги години, откако засекогаш не напушти нашиот македонски славеј, човек со ангелско лице и глас, Тоше Проески. Денес (16.откромври) голем број обожаватели се потсетуваат на пејачот што остави врежана трага меѓу сите нас, како со своите песни, така и со хуманитарните дела по кои беше познат.

Имено, на официјалната фан страница од интернационални обожаватели на Тоше на Фејсбук (Internacionalni Toše Proeski Fan Club Forum) се најде досега невидена снимка, а ја објави турска обожавателка.

Баш онаков каков го знаеме, непосреден, мил, со широко срце, благороден, полн со љубов за секого… Седнат во кафеана, распеан на маса.

извор: http://mkd-news.com

Ne objaveno video od tose