Тони Зен со синчето во новото видео за „Тишина“

Тони Зен го претстави новото видео што го сними за една од песните на актуелниот албум „Од изворот на изборот“, кој го промовираше во мај годинава.

Станува збор за темата насловена „Тишина“, авторско дело на самиот Тони и Кирил Бабамов, а во нејзиното создавање учествуваа и Ратко Даутовски на перкусии, Мартин Јосифовски на бас-гитара и Борислав Веселинов на флејта. Инженер на звук е Бојан Филиповски, а миксот и мастерингот се на Мите Димовски. Тони се потпишува и како автор на сценариото и продукцијата, а режијата му е заедничка со Били Ди. Светлото е на Христо Езовски, а изгрејсонцето го „улови“ Никола Клинчаров.

Advertisements

Тони Зен ја екранизираше и третата песна (Сум) од новиот албум

Тони Зен неодамна го објави својот шести соло-албум „Од изворот на изборот“, од кој веќе имавме можност да слушнеме две песни – „Коан“ и „Градот липа“ – а сега на ред дојде и можеби најсуштинската тема која одлично го опишува музичарот и сите негови „лица“. Токму тоа го сугерира и самиот наслов „СУМ“, чии стихови, секако, се дело на Тони, а музиката му е заедничка со Кирил Бабамов.

Тони Зен најавува нов албум со „КОАН“

Тони Зен се враќа на музичката сцена со нов соло-сингл и најава за новиот, шести по ред студиски албум насловен „Од изворот на изборот“, кој доаѓа пет години после „Микроскопскиот организам“ од 2013.

Како воведен сингл од новото издание стигна темата „КОАН“, со стихови од самиот Зен, а за музиката и аранжманот му помогнаа Кирил Бабамов и Ратко Даутовски, кои свират и на акустична гитара и на перкусии. На бас-гитара гостува Мартин Јосифовски, Борислав Веселинов е на саксофон и на флејта, а Бојан Филиповски на клавијатури, додека придружните вокали ги отпеа Весна Малинова. Филиповски е и инженер на звук, а миксот и мастерингот се на Мите Димовски (струдио „Тралала“).

Toni Zen – KOAN (Official Lyric Video 2019) 432Hz