Тијана и „Фрајлите“ со нова верзија на хитот „Негатив“

Седумнаесет години од објавувањето на еден од најголемите хитови на Тијана Дапчевиќ, песната „Негатив“ си доби нова, освежена верзија во заедничка изведба со нејзините колешки од групата „Фрајле“.

Ова авторско дело на композиторот Дарко Димитров и текстописецот Драган Брајовиќ Браја, сместено на истоимениот албум на Тијана од 2002 година, во ова ново руво ќе се најде на новиот, петти по ред албум на „Фрајлите“ што ќе го наследи „Љубав на дар“ (2017).

Advertisements

Тијана Дапчевиќ го прослави роденденот со нова песна

Наместо со роденденска торта, Тијана Дапчевиќ нè почести со нова песна насловена „Презир“, која доаѓа по минатогодишната преработка на „Километрите“ од Лозано, како и по хитот „Ресет“, чии автори се потпишуваат и на новиот сингл. Имено, автор на музиката и стиховите е Александар Делиќ – Динге, а аранжманот го направи Махир Сарихоџиќ.

Тијана ја препеа „Километри“ од Лозано

По пауза од речиси година и половина, Тијана Дапчевиќ конечно се враќа со нова песна и видео. Станува збор за српска верзија на велигденскиот мегахит на Лозано, „Километри“, чиј автор на музиката и аранжманот е Лазар Цветкоски, а новиот текст на српски јазик е на Милан Милетиќ. И двајцата соработуваат со Тијана за првпат.

Во создавањето на „Километри“ како придружни вокали учествуваа и самиот Лозано, Магдалена Цветкоска и Лазар Цветкоски, а гостуваат и Димитар Андоновски на виолина и Сирта Сакс на кларинет. Сето тоа е дополнето и со соодветна визуализација што ја изработи екипата на продукцијата „Сторителер“, под режисерската палка на Антонио Павловски, а како изгледаат и звучат новите „Километри“ на Тијана дознајте во продолжение. Уживајте!

Мрежасти хулахопки и корсет: Тијана никогаш поразголена на сцена

Тијана Дапчевиќ секоја недела изненадува на „Твоето лице звучи познато“.

Во последната емисија, таа настапи во улога на Тејлор Свифт.

На сцената се појави во кожен корсет, со мрежасти хулахопки и високи чизми и заводливо танцуваше како светската ѕвезда.

Тијана како Цезар во евровизиското издание на „Твоето лице звучи познато“

Евровизија“ беше темата во последната епизода од популарната емисија „Твоето лице звучи познато“, каде што учесниците имитираа дел од најпопуларните и највпечатливи изведувачи во историјата на фестивалот. Кончита Вурст, Марија Шерифовиќ, Руслана, Жељко Јоксимовиќ, Тајчи и „Лорди“ беа само дел од ликовите што настапија во шоуто, а нашата Тијана Дапчевиќ уште еднаш ја видовме во улога на маж.

Имено, пејачката доби задача да го имитира контроверзниот контратенор Цезар, кој со темата „It’s My Life“ ги бранеше боите на Романија во 2013 година, освојувајќи го 13. место во финалето.

Тијана со урнебесна имитација на Дара Бубамара

Во вчерашната епизода на музичкото шоу „Твоето лице звучи познато“, Тијана Дапчевиќ ја имитираше пејачката Дара Бубамара. Таа настапи во дует со Драгана Мицаловиќ, која го имитираше Џеј. Со песната „Секси ритам“ Тијана ги размрда стомачните мускули на присутните од смеење, особено на Андријa Милошевиќ, кој буквално падна на масата, не можејќи да престане да се смее.

Тијана како Лејди Гага триумфираше во „Твоето лице звучи познато“

Втората епизода од популарното шоу „Твоето лице звучи познато“ ја обележаа многу смеа и забава, но и одличен настапи кои го воодушевија жирито, а атмосферата најмногу ја загреа Тијана Дапчевиќ и манекенките кои настапија со неа.

Тијана овој пат ја имаше улогата на Лејди Гага, изведувајќи го хитот „Milion Reasons“, кој го изведе на ревијата на „Викторија сикрет“ во 2016 година. Полуголите манекенки оставија посебен впечаток кај Андрија, а тоа го забележаа и останатите членови на жирито.

Тијана како Здравко Чолиќ во „Твоето лице звучи познато“

По неколкумесечните најави и официјално започна четвртата сезона на регионалното шоу „Твоето лице звучи познато“. Единствена Македонка во оваа сезона е нашата Тијана Дапчевиќ, чија прва задача беше да го имитира својот славен колега Здравко Чолиќ, изведувајќи го неговиот хит „Главо луда

TLZP, 4.Sezona, 1.Epizoda, Tijana Dapcevic Kao Zdravko Colic

Вака Американец на течен македонски ја пее „Јовано Јованке“

Македонската музика отсекогаш ги допирала срцата на многумина ширум светот, па на Јутјуб често може да се сретнат видеа со изворни македонски песни во изведба на странци. Токму таков е случајот и со Американецот Рон Холси, кој во дует со нашата Тијана Дапчевиќ ја отпеа познатата „Јовано, Јованке“.

Тијана Дапчевиќ го претстави својот нов сингл и видео запис насловен „Ресет“

Тијана Дапчевиќ го претстави својот нов сингл и видео запис насловен „Ресет“. Песната е дело на авторот Александар Делиќ – Динге, кој се потпишува на музиката и текстот, а аранжманот го направи Махир Сарихоџиќ, додека видеото е дело на „ВИЗ продукција“.