Темпера со видео за последниот сингл „Дојди”!

Македонскиот музички бенд „Темпера“ со видео за „Дојди”, повикуваат на „весел исход и неконтролиран бој“ како одговор на новата реалност.

Ова е петти сингл во низа од новиот материјал по дебитанскиот албум „Играј”.

Ова е песна исполнета со динамична ритмика, вокални и гитарски хармонии, спој на ретро и модерен звук оплеменет со виртуозноста на Петар Христов, кој гостува на саксофон.

Видео спотот за песната го изработи Александар Ристовски-Принц.

Снимена и продуцирана во Тралала студио.

Во бендот членуваат: Тања Тас – вокал, Драган Гиновски Гино на гитара, Мите Димовски – тапани и Џоле Максимовски на бас гитара.

„Темпера“ се враќаат со моќно видео за „Ко ѕвер“

„Ко ѕвер“ е насловот на новата песна од македонската супергрупа „Темпера“, која вчера беше промовирана заедно со видео изработено од младиот и надежен режисер Ханис Багашов. Станува збор за уште едно моќно парче од рок бендот, чии музика и аранжман се на самите членови, а стиховите ги потпишува вокалистката Тања Тас.

Во визуализацијата на новата песна главната улога ѝ припадна на Теа Пупкова, а како изгледа и звучи сето тоа можете да погледнете и слушнете горе. Уживајте!