Скопското обвинителство ќе ја води предистрагата за предметите од Врховен

Русковска: Куќниот притвор за Јанева е срам за правосудството

Обвинителката Вилма Рускоска најави дека ќе покрене финансиска истрага за судиите кои донесоа одлука за куќен притвор на поранешната специјална обвинителка Катица Јанева. Во разговор за Телма одлуката ја нарече голем срам за целото правосудство

Шилегов најави разрешување и кривична одговорност за директорката на Централен регистар

Ќе барам разрешување на директорката и на регистраторите на Централен регистар ако и натаму одбиваат „Дрисла“ да ја впишат во владение на Град Скопје.

Тој најави дека ако проблемот наскоро не се реши ќе бара и кривична одговорност од директорката.

Трајко Славевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ…АКО ЈА ЗГОЛЕМИТЕ МИНИМАЛНАТА ПЛАТА ЌЕ ИМА ШТРАЈКОВИ СЕКОЈ ДЕН…

ТРАЈКО СЛАВЕВСКИ (професор и член на Извшрниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ) НАЈАВУВА ЦРНО СЦЕНАРИО ЗА МАКЕДОНСКАТА ЕКОНМИЈА АКО СЕ ЗГОЛЕМИ МИНИМАЛНАТА ПЛАТА

26 имоти и 204 возила на бизнисменот Сеад Кочан набрзо ќе бидат во државна сопственост

Имотот на бизнисменот Сеад Кочан набрзо ќе биде во државна сопственост.

Минатата седмица во Агенцијата за управување со одземен имот стаса правосилна пресуда во врска со одземениот имот на Трансмет и Сеад Кочан. Изготвени се 26 решенија за префрлање на одземениот имот на име на Агенцијата.

Од нив 23 имоти се чисти, а три се под залог. Исто така, има и 204 возила, за кои сега се проверува дали се дадени под залог, изјави денеска Директорот на Агенцијата за управување со одземен имот, Фатон Асани.

Тој рече дека пресудата е обемна, дека станува збор за имот во вредност од 17 до 18 милиони евра и оти затоа треба да се работи внимателно.

Ураганско невреме од Преспа

Ураганско невреме со силен дожд и ветер ја зафати вечерва Песпа. Силниот ветер половина час корнел дрвја, бандери и носел покриви од куќи. Старите мештани на селата велат дека не паметат вакво невреме и толку силен ветер.