90 СЕКУНДИ С3Е1 | ТАЈЗИ

[ сезона 03, епизода 01 ] „90 SECONDS“ е емисија во која еден гостин одговара на брзо поставени забавни прашања и има 90 секунди за истите. 🕐

Тајзи ја промовираше новата песна „Сине“

За овој проект, Тајзи вели дека е круна на неговата десетгодишна кариера, а последните спотови во режија на Даниел Јовески изгледаат светски. Текстот е на Тајзи, а заедно со еден од нашите најдобри продуценти, Лазар Цветковски ја направија музиката.

Снимен е на повеќе локации, во Куклици ( Кратово), тврдината Зебрњак, како и боксерските клубови од Куманово и Скопје. Шминката на Андријана Станковска го трансформираше Тајзи во старец, а продукцијата Балкатон од Србија го најави видеото како нешто што дефинитивно ќе ги помести границите и дека им е многу мило што имаат ваков талентиран артист во своите редови.

ПРОМОЦИЈА: „Гори“- нов летен хит на Тајзи

„Гори“  е прва од неколкуте песни кои ќе ги чуеме оваа година од Тајзи, повторно во соработка со Балкатон продукција на Раста. Песната  е на македонски јазик и  како и секогаш е нешто различно и автентично од нашиот артист Драган Величковски Тајзи. Последно нешто од овој тим беше „Пабло“, песна која  беше  вистински хит изминатата година и вртеше по радио станиците и клубовите низ целиот Балкан.

„Гори“ е снимена во студиото на  еден од  најдобарите  продуценти  во Македонија, Лазар Цветковски  кој   беше награден со Златна Бубамара на популарноста за 2018 година, автор на многу хитови на наши артисти  како  и на  балкански музички ѕвезди. Тој е дел  и од овогодинашниот евровиски тим на Тамара кој не претставуваше во Израел.

Музиката  и текстот се  на Тајзи, а аранжманот и мастерот на Лазар.
Спотот е во режија на Даниел Јовески , наградуван режисер, кој застанува рамо до рамо со најдобрите режисери во регионот.

Tyzee – Gori (Official Video)

Тајзи во Колумбија! Ексклузивно слушнете го најновиот балкански хит „Пабло“!

Нашиот познат пејач Тајзи не престанува да не изненадува со нова музика и спотови. Како што најави работи на повеќе проекти и песни  на македонски, англиски и српски јазик а една од нив е токму темата Пабло која од денес е во етер и можеме да ја слушаме на сите балкански радио мрежи.

Спотот е навистина со холивудски сцени, Колумбија во мало и нешто што навистина ретко се гледа на овие простори.Колумбиски картели ,згодни девојки, аеродроми, сиромашни гета, ретро автомобили, оружје, карактеристичен стајлинг,многу статисти и секакако една моќна порака…Како режисер на ова прекрасно дело се потпишува охриѓанецот Даниел Јовески кој уште еднаш покажа зошто е еден од најдобрите на Балканот.

Она кога ќе се спојат Русинка и кумановец | Викторија Лоба и Тајзи – Каде сме ние

Викторија Лоба и Тајзи го промовираа својот дует насловен „Каде сме ние“, кој стигна во пакет со соодветно, ултрамодерно видео. Станува збор за уште едно врвно музичко и продукциско дело на хитмејкерот Роберт Билбилов, чиј потпис стои на целокупниот аудио-производ со светски квалитет, а сето тоа одлично го визуализираше охридскиот мултиталент Даниел Јовески.

VICTORIA LOBA ft. TYZEE – KADE SME NIE (Official video)

 

Тајзи со нов хит – “Параноја”

Се работи за песна на македонски јазик и е вистински весел летен хит, кој го продуцираше Александар Иван Миличевиќ, млад и талентиран продуцент кој е роден и работи во Шведска. Во иднина Тајзи најавува уште соработки со продуценти од Шведска, бидејќи моментално тие се едни од најактуелните на светската музичка сцена.

Музика: Tyzee, Flexx

Текст: Tyzee

Аранжман: Александар Миличевиќ-Фјаза

Mix i master: Robert Bilbilov

Режија: Tyzee

DOP: Ilija Zogovski

Асистент: Boris Josifovski Montaza i kolor: Filip Paunovski

Модел: Ninna Red

Локација: Makedonija

Тајзи со нова песна и спот во стрип-техника за првпат кај нас!

На својот канал на Јутјуб, Тајзи го промовираше новиот спот за песната „Мој живот, моја ствар“, која е на српски јазик и носи интересна порака. Видеото е во вид на стрип и е нешто ново кое за првпат го гледаме на нашите простори, а режисер на спотот е самиот Драган Величковски Тајзи.

Видео записот за темата „Омилена“ на Тајзи денеска ја имаше својата интернет премиера на каналот на продукцијата Балкатон

Видео записот за темата „Омилена“ на Тајзи денеска ја имаше својата интернет премиера на каналот на продукцијата Балкатон.

Спотот е дело на режисерот Илија Жоговски, а во него учествуваат над 50 статисти и е сниман на повеќе локации во Македонија и Грција. Песната е во летен регетон ритам, со љубовни стихови и позитивни вибрации.

Тајзи И Спејко – Вози (Official Music Video)

Тајзи и Спејко не мируваат, туку напорно работат на промоција на новите песни на српски и македонски јазик. Најновото од нив е композицијата „Вози“, песна направена од балканскиот хит мејкер Слободан Вељковиќ – Цоби, кој стои зад милионски гледаните хитови на Јутјуб на Цвија, Раста, Ана Николиќ, Гру, Газда Паја и многу други српски ѕвезди

Tyzee feat. Spejko – Vozi (Official Music Video)

„Револуција“ – првата песна од новиот албум на Тајзи

Revolucija – prvata pesna od noviot album na Tajzi

Освен тоа што го смени својот изглед т.е ги врати суканиците и носи наочари Тајзи не мирува и на музичко поле. Пред крајот на летото не почасти со нова песна и видео.

Се работи за еден вид порака која визуелно и текстуално ја пренесува иронијата на општеството во кое живееме и дава мотив за сите оние кои пропагираат мир, љубов и имаат желба за подобро утре било дома или далеку од тука . “Мајка те раѓа да направиш нешто”
Видеото се состои од материјали и снимки од целиот свет, го изработи Филип Пауновски додека текстот е на Тајзи и е првата песна од неговиот нов албум кој го најави за крајот на оваа година.
Музиката и аранжманот се на Лазар Цветковски .

Прочитајте повеќе на: http://turlitava.com