Ексклузивците на “Урбан рекордс” Тракер и Таско доаѓаат со “Црна мечка”

Се попопуларните Таско и Тракер заедно во нов проект на Урбан Рекордс продукција, каде Таско се појавува како гостин во новата трап песна на Тракер. Оваа не им е прва соработка на двоецот Таско-Тракер, тие летото минатата година снимија спот за “Не ме боли”.

Сега Тракер и Таско ни доаѓаат со “Црна мечка”.

Музиката и текстот се на Андреј Трајковски-Тракер и Христијан Тасковски-Таско, аранжман и мастеринг на Иван Јованов-Ивајо, спотот комплетно го изработи Гордан Божиновски “God Eye Production”, а за организацијата и графичкиот дизајн се погрижи Борис Тасковски.

Таско вози ко „Ducati“

Таско е еден од највредните музички творци изминатиов период, кој заедно со екипата „Урбан рекордс“, постојано подготвува и претставува нов материјал, па деновиве го објави и новиот сингл насловен „Ducati“. Станува збор за авторско дело на самиот Христијан Тасковски, чиј потпис стои на музиката и на стиховите, а аранжманот, миксот и мастерингот се на Иван Јованов – Ивајо, додека видеото е дело на продукцијата „Год-ај“ (GodEye Production).

Слаткаристика и Таско со нов хит „Марадона“

„Марадона“ е насловот на новиот сингл на Слаткаристика, за кој хип-хоп ѕвездата ги здружи силите со својот помлад колега Таско. Автор на музиката е самиот Марко Маринковиќ – Слаткаристика, а стиховите заеднички ги потпишуваат со Христијан Тасковски – Таско, додека аранжманот, миксот и мастерингот се на веќе редовниот соработник Иван Јованов – Ивајо.

Снимено на градскиот стадион во Скопје, кој од минатата недела го носи името „Тоше Проески“, видеото го реализираше екипата на „Год ај продакшн“ (God Eye Production) и е објавено на каналот на бугарско-германската компанија „Фејсинг д сан“ (FacingTheSun).

Slatkaristika feat. Tasko – Maradona