Светско а наше | Томи Тасев и Симеон Коруноски ги здружија силите за „One Look One Smile“

По одличното минатогодишно деби „Broken“, струмичкиот продуцент Томи Тасев продолжува со исто темпо и со новиот потенцијален хит насловен „One Look One Smile“, за кој ги здружи силите со својот кичевски колега Симеон Коруноски. Музичарите се потпишуваат и како автори на песната, односно продукцијата и стиховите се на Тасев, музиката им е заедничка со Симеон, а за аранжманот им помогна Иле Спасев. 

Сето тоа визуелно го дополни Ѓорѓи Вацев, а во видеото снимено на повеќе локации, вклучувајќи го и култниот „Порта џез“ во Битола, покрај Томи и Симеон се појавуваат уште и Тамара Томашевиќ и Васко Ѓоргиев, како и Христијан Ѓаковски, Борис Наков, Игор Георгиевски, Филип Каранфиловски, Филип Николоски, Тале Пасовски и Кристијан Божиновски.

Advertisements

Светско, а наше – Томи Тасев и Полина дебитираат со „Broken“

Светско, а наше – вака може да се опише првенчето на младиот диџеј и продуцент Томи Тасев, кој за темата насловена „Broken“ ги здружи силите со својата братучетка Полина Тасева, а крајниот резултат е навистина воодушевувачки. Талентираните струмичани се вистинско освежување на нашата музички сцена и сигурни сме дека најдобро од нив допрва доаѓа.

„Broken“ е авторско дело на самиот Томи, чиј потпис стои на музиката, а стиховите му се заеднички со Давид Димовски, додека аранжманот е на Иван Петровски. Сето тоа го визуализираа Сашо Достинов и Ѓорѓи Вацев, со поддршка од „Лолипоп ентертејнмент груп“. Како звучи и изгледа ова одлично првенче на младите струмичани дознајте во продолжение. Уживајте!

Тасев и Дос со заеднички ремикс на „Mind If I Stay“ од „Kadebostany“

Штипскиот диџеј и продуцент Тасев. го претстави својот нов ремикс на темата „Mind If I Stay“ од швајцарскиот бенд „Кадебостани“ (Kadebostany). Тој овој пат ги здружи силите со колегата Самир Далипи, познат како Дос (Doss), а како звучи нивното заедничко дело слушнете во продолжение. Уживајте!

Тасев со одличен ремикс на „New Rules“ од Дуа Липа

Штипскиот диџеј и продуцент Тасев, кој е актуелен и со одличната соработка со колегите Манев и Анастасија за темата „Without You“, деновиве го објави своето најново музичко парче. Станува збор за ремикс на хитот „New Rules“ од британската ѕвезда со косовско потекло, Дуа Липа, а сето тоа спакувано со интересно видео можете да го слушнете и видите во продолжение. Уживајте!

Светско а наше | Тасев & Манев ft. Анастасија Аврамовска – Without You

Диџеите и продуценти Славче Тасев и Бобан Манев го објавија видеото за својот нов сингл „Without You“, во кој гостува  Анастасија Аврамовска, за македонската публика позната по учеството во првиот македонски мјузикл „Тајно моја“.

Младите таленти се одлично освежување на македонската сцена, и им посакуваме многу успех и со нетрпение ги очекуваме нивните следни музички подвизи. Видеото што одлично го дополнува потенцијалниот хит, го направи Џулиен Фаучер – Бланко, а како изгледа и звучи сето тоа можете да видите и слушнете во продолжение.