Промовирана песната со која Тамара ќе настапи на Евровизија

Музичкото видео за песната „Горда“ (Proud) на Тамара Тодевска, македонски претставник за Евровизија во Израел, беше премиерно емитувано вечерва во централните вести на јавниот сервис.

Главна ѕвезда на музичкото видео на Тамара е нејзината тригодишна ќерка Хана.

Музичкото видео вклучува и појавувања од жени кои ја инспирирале Тамара, докажувајќи дека соништата се остваруваат.

„Горда“ e авторско дело на тимот што како потписници на музиката го сочинуваат Роберт Билбилов, Лазар Цветковски и Дарко Димитров, а текстот е дело на Коста Петров и Сања Поповска. Музичкото видео го режираше Чедо Поповски.

Advertisements

Тамара Тодевска со нов хит – „Довидување таго“

По три години музичка пауза и денови посветени на мајчинството, Тамара Тодевска вчера точно на пладне го промовираше својот нов сингл насловен „Довидување таго“. И зад оваа песна се потпишува тимот кој што веќе години наназад, животот на Тамара го раскажува низ песна. Музиката и аранжманот се на Роберт Билбилов, текст Игор Џамбазов, видео запис Чедо Поповски.