„СКАрантин“ – Суперхикс со нова забавна песна и видео со фанови од изолација

„СКАрантин, сите сме во СКАрантин“ – пеат Суперхикс во својата нова песна снимена во домашна изолација.

Спотот вклучува и снимки од нивни фанови кои се забавуваат во домашна изолација.

„Спотот е изработен во домашно-карантински услови со помош на нашите фанови кои што ни испратија видеа како танцуваат и се забавуваат на нашиот нов сингл ‘СКАрантин’. Многу сме горди и среќни што песната беше прифатена позитивно од нивна страна и ни покажаа уште еднаш дека вреди да твориме и во тешки и во убави времиња“ – изјавија членовите на Суперхикс.

„Суперхикс“ со спот ја претстави новата песна „Ана“

Групата „Суперхикс“, која минатата година прослави 25 години успешна кариера, со многу настапи и концерти, со исто темпо ја продолжува и оваа година. Деновиве тие со интересна видеоприказна ја претставија својата најнова песна „Ана“, за која музиката ја напишаа: Петар Младеновски, Борис Минов и Дарко Попов, кој е автор и на текстот, а аранжманот е на сите членови на „Банда инструментале“. Песната е снимена во студиото „Тралала“ на Мите Димовски.