Сузана Гавазова со песна му порача: „Роден си за грев“

Сузана Гавазова деновиве ја претстави својата нова, трета по ред песна на српски јазик – Сећање на твој грех“ – за која повторно соработуваше со авторскиот тим што застана зад „Намазана“, а сега ја имаме и македонската верзија насловена „Роден си за грев“.

Автор на музиката е композиторот Саша Диниќ, а аранжер Александар Саблиќ, додека стиховите на македонски јазик ги потпишува Орце Зафировски.

Сузана Гавазова ја претстави новата песна на српски јазик

Сузана Гавазова продолжува да ја освојува регионалната сцена со уште една нова песна насловена „Сећање на твој грех“, за која повторно соработуваше со истиот тим што се потпиша на „Намазана“, односно автор на музиката е Саша Диниќ, стиховите се на Ана Диниќ, додека аранжманот го направи Александар Саблиќ. Придружните вокали ги отпеа Сузана Бранковиќ, а на саксофон гостува Тункај Туна Шавлев. Сето тоа визуелно го дополни Ник Скерлев, а снимањето се одвиваше на повеќе локации во соседна Бугарија.

Ова е трета песна на српски јазик за популарната македонска пејачка, која дебитираше на музичката сцена во соседството со темата „Хало“, по која следеше и „Намазана“. 

Сузана Гавазова жешка и намачкана

После песната „Хало“, која се покажа како вистински погодок, Сузана Гавазова продолжува со походот за освојување на српскиот и балканскиот музички пазар.
Со првата песна и спот, Гавазова веднаш го привлече вниманието на балканската јавност, а тоа се докажа со многуте гостувања на српските и регионални ТВ канали во емисиите и шоуата на Прва, Гранд, Пинк, а и големиот број прегледи и коментари за „Хало“.
Нашата пејачка не чекаше да помине долго време, па затоа повторно околу себе собра проверена екипа и повторно изненади со нов проект.

Новитетот на нашата пејачка е насловен „Намазана“ (Намачкана).
Тимот кој работеше на оваа песна се Саша Диниќ и Ана Диниќ, а видеото го работеше “НН Медиа продукција”.

Гавазова започна да ја освојува Србија со „Хало“

Фолк-ѕвездата Сузана Гавазова неодамна ги соопшти своите планови за освојување на српскиот пазар, а сега конечно ја имаме и нејзината прва песна на српски јазик насловена „Хало“. Сакајќи успехот да биде загарантиран, пејачката ги здружи силите со едни од најпознатите српски автори, па така стиховите на „Хало“ се дело на хитмејкерот Драган Брајовиќ Браја, а музиката и аранжманот ги потпишува Динајл Екс.

Градите на Гавазова во ултра секси бикини

Македонската пејачка Сузана Гавазова првите лесни денови ги користи за одмор во Грција. Нејзиниот инстаграм профил е полн со фотографии на кои Гавазова провоцира со нејзиното испотено, исончано, сески тело. Пејачката со видео снимка ги почести нејзините фанови. Погледнете што покажа Гавазова.

Сузана Гавазова е „Опасна за око“

Минатата недела, Сузана Гавазова имаше еден од најзабележителните настапи на фолк-фестивалот „Роса 2017“, каде се претстави со песната насловена „Опасна за око“. Настапот и имиџот на сексапилната Гавазова во духот на насловот: слободен и провокативен, а таа со својата маркантност ги засени речиси сите останати изведувачи.

Инаку, „Опасна за око“ е дело на Борче Димитров, кој се потпишува на музиката, стиховите се на Орце Зафировски, а аранжманот и продукцијата ги направи Дејан Момировски. На фестивалот „Роса 2017“, Гавазова настапи заедно со оркестарот на популарниот Џамбо Агушев, а во недостаток на видео од истата, слушнете како таа звучи.

Сузана Гавазова – Нишан (Official Video 2016)

Suzana Gavazova – Nishan (Official Video 2016)

Music: Nikolа Micevski
Arr: Nikolа Micevski
Lyrics: Borce Necovski
Mixed and Recorded – Studio Xl Momirovski
Music Producer: Nikolа Micevski & Dejan Momirovski

Gorilla Films @ 2016
Directed; Goran Kostadinov
Edited by – Goran Kostadinov
DOP and color grading: Gjorgi Klincarov
Ronin Operator: Boris Kaevski
Dron: Darko Danilov
Hair & Make Up – Eleonora Mark
Technical Assistent: Aleksandar Popovski
Producer: Vasko Pavelvski

suzana gavazova – nishan (official video 2016)