Ленче Кукиќ од Струмица со сите емоции – “Галебе мој тажен” полн погодок во “Nikad Nije Kasno”

Со македонскиот евергрин “Галебе мој тажен”, Ленче Кукиќ повторно го доби жирито и публиката во балканското тв шоу Nikad Nije Kasno и продолжи понатаму во натпреварувањето

Струмичанката Ленче ги воодушеви Жељко и Јована Јоксимовиќ во „Никогаш не е доцна“

Започна и вториот круг на регионалното музичко шоу „Никогаш не е доцна“, а во првата емисија настапуваше и Ленче Кукиќ од Струмица. Пред жирито и публиката се претстави со песната „Не иди од мене, злато мое“, а со нејзинита интерпретација ги воодушеви присутните во студиото и пред ТВ екраните.

Членови на жирито овој пат освен Саша Милошевиќ Маре, беа и Јована и Жељко Јоксимовиќ кои имаа само пофални зборови. Жељко на почетокот истакна дека е воодушевен од пеењето на Ленче и дека за малку ќе паднел од столица поради нејзиниот глас.

„Секоја чест за интерпретацијата, за бојата на гласот и за техниката со која располагаш, секоја чест“, прокоментира Жељко.

Настапот на Кукиќ погледнете го во видеото подолу.

Александра Заева беше манекенка на ревијата во Струмица

Во едноставен сив фустан и црни чевли, Александра Заева, ќерката на премиерот, беше манекенка на модната ревија за лицата со попреченост. Ревијата втор пат се организира во Струмица и се одржа вчера во хотелот „Вила Парк“.

(Кликнете на постот за да го видите видеото)

Струмичанката Драгана втора во „Некои нови клинци“

Струмичанката Драгана Костова го освои второто место во финалната вечер на детската музичка емисија „Некои нови клинци“, освојувајќи 9.414 гласови, а на првото место се најде Босанката Вања Књежевиќ со 12.671 глас. Во оваа вечер се натпреваруваа 7 момчиња и 7 девојчиња, меѓу кои Драгана беше единствената Македонка.

Во текот на изминатите осум месеци, Драгана важеше за еден од фаворитите и постојано добиваше само пофални зборови од жирито, а за пофалба беше и нејзиниот последен настап во натпреварот.