Струшка фабрика за месо проект реализиран со европски пари од претпристапните фондови на ЕУ

Сопственикот на инвестицијата Мевмед Џемајловски денеска ја претстави својата инвестиција како една од поголемите домашни инвестиции, вредна 5.5 милиони евра и кофинансирана со средства од ИПАРД програмата. Станува збор за компанија која што се занимава со производство, обработка, расекување и пакување на месо по најсовремени стандарди и која ќе обезбеди 80 работни места за македонските граѓани.

„Музичко дрогирање“ – Бени Шаќири со моќна изведба на македонската химна

Познатиот пејач Бени Шаќири со својот моќен глас и изведбата на македонската химна го отвори годинешниот меѓународен турнир во ракомет „Струга 2019“ кој се одржува по 47-ми пат.

Слушнете ја изведбата на Бени кој очигледно е над сите „мизерни“ обиди на дел од политичката елита да се направи и пренесе слика на меѓуетничка тензија во секојдневниот живот во земјава. Шаќири со талентот покажа дека без оглед на етничката припадност музиката може да не обедини сите!

Величествена литија во Струга

Вчера по деветти пат во Струга се одржа литијата (Еордија) со чесните мошти на Светиот Великомаченик Георгиј и неговата чудотворна икона. Годинава литијата беше збогатена и со иконата на Сепречистата Владичица Богородица – Кринска од манастирот Пречиста – Кичевска, којашто беше носена од четворица кичевци.

Оваа година во официјалниот дел од литијата беше и градоначалникот на Охрид, Јован Стојаноски.

Традиционалната осма Ѓурѓовденската литија, на која граѓаните се поклонуваа пред моштите на Св. Георгиј Победоносец и чудотворната икона на овој светец

Во Струга денеска се одржa традиционалната осма Ѓурѓовденската литија, на која граѓаните се поклонуваа пред моштите на Св. Георгиј Победоносец и чудотворната икона на овој светец.
Традиционалната Струшка литија е дел од културното наследство на Република Македонија.