Стотици Бугари секој викенд во Ново Село на пазар, едни купуваат други продаваат

Advertisements

Во 21 век болно дете со магаре оди на училиште или пешачи – Филипче најави бесплатни прегледи

По сторијата на 24 за малиот Милош кој со операција на срце, за да стигне до училиште оди со магаре или пешачи по три часа, а нема  пари ниту да направи контроли по извршената операција на срцето реагираше лично министерот Венко Филиче.

Филипче најави дека во понеделник на Милош ќе му бидат направени прегледи

Кафеаната во селото Рељан, кај Прешево Албанците и Србите заедно играат домино и велат дека ништо не може да ги скара.

Кафеаната во селото Рељан, кај Прешево, е полна секоја вечер – Албанците и Србите заедно играат домино и велат дека ништо не може да ги скара.

Барак Обама на децата во Националната детска болница во Вашингтон им донесе подароци

Поранешниот претседател на САД, Барак Обама во нова улога за Божиќ. Вчера тој на децата во Националната детска болница во Вашингтон им донесе подароци.

Царините на српски производи на Косово веќе доведоа до поскапување на лебот

Царините на српски производи на Косово веќе доведоа до поскапување на лебот – и во српските и во албанските средини. Залихи на брашно сѐ уште има, но не уште долго. Репортерките на ДВ се распрашаа во пекарниците во Грачаница и Липљан.

Почна со работа нов бар во Скопје каде вработените се лица со одредена попреченост

Од синоќа почна со работа нов бар во Градскиот трговски центар во Скопје каде вработените се лица со одредена попреченост. Ова е еден од ретките случаи каде идејата е поттикната од сопственик на локал. Во оваа иницијатива е вклучен и Филозофскиот факултет.

Еден од вработените е младиот Филип. Тој вели дека се чувствува убаво кога работи и дека вака е повеќе почитуван меѓу луѓето.
На отворањето присуствуваа огромен број граѓани кои дадоа поддршка на идејата.

 

Ресенчанецот Крис Поповски успешен повратник со модна конфекција за мажи ,,Сињори“

, во својата емисија ,,Сакам дома“, (Hoću kući), ја објави животната приказна на младиот ресенчанец Крис Поповски, кој решил да се врати во Македонија, и покрај веќе успешната кариера и образование во Америка и Велика Британија.

Крис произведува машки одела со врвен квалитет, кои ги пласира во повеќе земји во светот, со интересен пристап на промоција и маркетинг.

Западнобалканските земји се соочени со огромен „одлив на мозоци“, со иселување на висококвалификувана работна сила

Западнобалканските земји се соочени со огромен „одлив на мозоци“, со иселување на висококвалификувана работна сила. Од Србија, на пример, за последните две децении заминале 300.000 млади образовани луѓе. Слична е ситуацијата и во БиХ, но и во Хрватска, иако е членка на ЕУ. Хрватската министерка за образование предложи од иселените медицинари да се побара да вратат дел од трошоците за студирање.

„Трите“ – втор дел: Афери, закани, страв

Афери, скандали, дискредитации. Што е вистината за трите обвинителки?

Нападите почнаа по првата прес-конференција, кога стана јасно дека сериозно ја сфатиле задачата и ќе одат до крај во расчистување на криминалот.

Што чувствуваа кога ги преслушуваа разговорите?

Колкаво обезбедување користат Катица, Ленче и Фатиме?

Гледајте во вториот дел од сторијата „Трите“ на А1он.

Преземено од http://a1on.mk

„Трите“-прв дел: Досие за Катица, Ленче и Фатиме

Трите специјални обвинителки дојдоа во најтешкото време за Македонија. Народот спасот го гледаше во три жени кои храбро влегоа во битка со криминалот. Посилни од сите политичари заедно, зошто изнесоа на улици илјадници без ниту еден збор. Сторија на А1он во три дела-првиот за создавањето на СЈО, вториот за сите афери и напади кои ги следеа обвинителките и третиот за приватниот живот.

Како обвинителките Катица Јанева, Ленче Ристоска и Фатиме Фетаи стигнаа до СЈО? Колку нивната волја да се успее била посилна од сите препреки? Сторија за човечката издржливост, непоколебливост. Што се случуваше далеку од очите на јавноста додека се формираше Специјалното јавно обвинителство, како почнаа и со што се соочуваа? Како реагираа најблиските?

Прв дел од сторијата за СЈО на А1он.

Преземено од a1on.mk

„Трите“-досие за Катица, Фатиме и Ленче

Кои се обвинителките Катица Јанева, Ленче Ристоска и Фатиме Фетаи во приватниот живот? Што се случуваше далеку од очите на јавноста додека се формираше Специјалното јавно обвинителство?

Како реагирале трите обвинителките за сите напади и афери кои ги следеа?

Сторија на А1он во три дела која стартува од следната недела.

Сторија | Слободан и Слободан, двајцата Богоевски. Едниот прогонуван од претходната власт, а другиот од истата лустриран по грешка наместо вистинскиот Слободан

Слободан и Слободан, двајцата Богоевски. Едниот прогонуван од претходната власт, а другиот од истата лустриран по грешка наместо вистинскиот Слободан, поранешен припадник на УБК. Како е да живееш со грешките на системот на прогон во мало селце и сите комшии да ви се обраќаат со „кодош“. Погледнете ја видео сторијата од средбата меѓу двајцата Слободановци во домот во село Извор на погрешнот лустрираниот човек. Репортажа на Borjan Jovanovski

Репортажа на Реал Мадрид ТВ за Скопје

Новинарска екипа на 12-кратниот европски првак и освојувач на Супер Купот 2017-та, склопи една доста фина репортажа за Скопје во пресрет на финалето. Соговорник во прилогот е Андреа, инаку македонски навивач на Реал Мадрид, кој раскажува за нашите историски знаменитости.

Репортажата е во два дела.

Ристо Петревски – Токмакот од Македонија

Уште под импресии прво појавување на нашата страница, а откриваме дека постои цел документарен филм за најсилниот: Ристо Петревски – Токмакот од Македонија! Немате појма колку е генијално!

risto petrevski

ЕКСКЛУЗИВНО – Британска телевизија стигна до Велес: Еве кој ги измислува лажните вести?

Канал 4 е телевизијата која реши да направи прилог за лажните онлајн вести снимани од непозната локација. Со прашањето „кој е зад нив и кој е мотивот?“ британската телевизија стигна до Велес.

Fake online news from Macedonia – Trumps Veles

britanska televizija vo veles lazni vesti

Видео од вежба на „Тигрите“

Митко Чавков – Во рамки на програмата за реализирање на обуки за припадниците од специјалните единици на Министерството за внатрешни работи, реализирана беше тактичко показна вежба на Единицата за специјални задачи за уништување на терористичка група од повеќе лица со употреба на снајперски оган, РПГ и оклопни возила „Хермелин“.”

vezba na tigrite mitko cavkov

Документарец за Боки (13) Јовановски

Гласноговорник во борбата за човекови права,голем противник на дискриминацијата во секој поглед,храбар критикувач на политичко-општествените случувања,скромен хуманист.Бојан Јовановски Првиот човек на ,,меѓународната асоцијација за човекова и социјална заштита,,

Dokumentarec za Boki 13 Jovanovski