Слаткар во „Дајте музика“ ја промовираше новата песна „Јас имам некој“

Марко Маринковиќ – Слаткар беше гостин во новата епизода од „Дајте музика“ каде ја промовираше својата нова песна „Јас имам некој“.

Малите ѕвезди во популарното шоу пееја заедно со 33-годишниот музичар. Погледнете видео:

 

Слаткар го објави и спотот за песната.

Advertisements

Слаткар со нова песна: Во спотот е Драгана Спасовска која не се родила да „сецка“ салати

Одисеа“ е најновото музичко остварување на познатиот рапер Слаткар. Тој преку социјалните мрежи ја објави новата песна.

Во спотот покрај раперот има уште неколкумина други статисти, а една од главните улоги ја толкува и познатата старлета Драгана Спасовска која пред извесно време ја насмеа македонската јавност со изјавата дека не е родена да сецка салати и да пие ракија со сопругот.

Слаткаристика, Мосел и Слоган ја имаат првата македонско-грчка соработка

Музиката нема граници, а тоа сè повеќе го докажува популарниот македонски хип-хоп артист Слаткаристика, кој зад себе има повеќе соработки со колегите од соседна Бугарија, а сега на ред дојде да се „пробијат“ музичките граници и со Грција. Имено, Слаткаристика штотуку ја објави песната насловена „Марија“, за која силите ги здружи со грчките колеги Слоган и Мосел.

Сето тоа е спакувано со видео што го реализираше екипата на продукцијата „Год-ај“ (GodEye Production), а како изгледа и звучи првата македонско-грчка песна, дознајте во продолжение. Уживајте!

Слаткаристика и бугарското дуо „СкандаУ“ го претставија видеото за „Динеро“

Слаткаристика го претстави својот нов сингл насловен „Динеро“, за кој силите ги здружи со бугарското хип-хоп дуо „СкандаУ“. Автор на музиката е самиот Марко Маринковиќ – Слаткаристика, а стиховите ги потпишува заедно со „СкандаУ“, односно со Јонислав Јотов (Тото) и Л’чезар Евтимов (Л’чо), додека аранжманот, миксот и мастерингот се на Иван Јованов – Ивајо.

Сето тоа визуелно го дополни екипата на продукцијата „ГодАј“ (GodEye), по сценарио на Томислав С.Т. и со Гордан Божиновски зад камерата и постпродукцијата. Покрај музичарите, во видеото се појавува и моделот Калтрина, а како изгледа и звучи „Динеро“, дознајте во продолжение. Уживајте!

Слаткаристика и Таско со нов хит „Марадона“

„Марадона“ е насловот на новиот сингл на Слаткаристика, за кој хип-хоп ѕвездата ги здружи силите со својот помлад колега Таско. Автор на музиката е самиот Марко Маринковиќ – Слаткаристика, а стиховите заеднички ги потпишуваат со Христијан Тасковски – Таско, додека аранжманот, миксот и мастерингот се на веќе редовниот соработник Иван Јованов – Ивајо.

Снимено на градскиот стадион во Скопје, кој од минатата недела го носи името „Тоше Проески“, видеото го реализираше екипата на „Год ај продакшн“ (God Eye Production) и е објавено на каналот на бугарско-германската компанија „Фејсинг д сан“ (FacingTheSun).

Slatkaristika feat. Tasko – Maradona

Слаткаристика и „2Бона“ имаат полна чанта „Дијаманти“

Слаткаристика го претстави својот нов сингл насловен „Дијаманти“, за кој ги здружи силите со своите колеги од дуото „2Бона“. Марио Јелиќ-Кун и Антонио Стојановски-Тонито – кои дебитираа на музичката сцена во 2015 година, со Слаткаристика соработуваа и за нивната „Би направил сè“, а овој пат соработката ја заокружија и со филмско видео исполнето со акција.

Музиката на „Дијамантите“ ја потпишува самиот Слаткаристика, стиховите му се заеднички со „2Бона“, а аранжманот е на Марио Јелиќ – Кун и Иван Јованов – Ивајо, кој се погрижи и за миксот и мастерингот. Видеото, пак, е дело на продукцијата „Год ај“ (God Eye), а како изгледа и звучи сето тоа дознајте во продолжение. Уживајте!

Слаткаристика денеска го промовираше својот нов сингл и видео насловени „Амстердам“

Марко Маринковиќ – Слаткаристика денеска го промовираше својот нов сингл и видео насловени „Амстердам“, а како што може да се претпостави и од самиот наслов, темата е поврзана со контроверзната тревка, чија легализација е цел и на Здружението за канабис и зелени политики „Билка“.

Соодветно со насловот на песната, видеото се снимаше токму во Амстердам, град што е веројатно најпознат по слободната употреба на марихуана, како и по „Квартот на црвените фенери“ (Red-Light Distict). Освен што ја изведува, Слаткаристика се потпишува и како автор на музиката и стиховите, додека аранжманот, миксот и мастерингот се на Иван Јованов – Ивајо и Јован Јованов. Видеото го изработи екипата на продукцијата „Мелем“, под режисерската палка на Огнен Шапковски, а како изгледа и звучи „Амстердам“ дознајте во продолжение. Уживајте!

Слаткар со “Отворено Писмо” до јавноста за подршка на референдумот

Познатиот македонски рапер кој успеа да се пробие на Балканот, по шест месеци објави нов потенцијален хит.

Марко Маринковиќ, или за широката јавност само Слаткар, вчера сподели нова песна со наслов „Отворено писмо“, во која ја опејува општата ситуација во нашата држава.

За новата песна, Слаткар веднаш добри позитивни критики од своите колеги и соработници, како и дел од медиумите, додека на на Јутуб каналот мислењата на неговите обожаватели се поделени.

„Лудата романтика“ на Слаткаристика стигна до Африка

Нам Македонците секогаш ни претставува особена чест и задоволство кога ќе слушнеме странец да пее македонска песна, а можеби уште поинтересно е кога странецот е од друга раса. Младо момче со псевдонимот Блек Бој (Blakbuoy) направи своја верзија на актуелниот хит на Слаткаристика, „Луда романтика“, кој популарниот хип-хоп артист го претстави на Денот на жената – 8 март.

Слаткаристика ја претстави својата „Луда романтика“

Слаткаристика го претстави својот нов сингл насловен „Луда романтика“, со кој им го честита денешниот празник на сите припаднички на понежниот пол. Песната стигна заедно со романтично видео снимено во Венеција, каде што популарниот хип-хоп артист ужива со својата сопруга Сања Николиќ.

Новата песна на Слаткаристика „Money“ е саундтрак на високобуџетен филм

Песната е наменски изработена за потребите на „Привличане”/„Attraction“ – бугарски, високобуџетен филм, во кој освен што ја направи носечко-музичката песна, нашиот Слаткаристика глуми и во неколку сцени од филмот.

Песната е наменски изработена за потребите на „Привличане”/„Attraction“ – бугарски, високобуџетен филм, во кој освен што ја направи носечко-музичката песна, нашиот Слаткаристика глуми и во неколку сцени од филмот.

Автор на музиката и текстот е Слаткаристика, а аранжманот е на Иван Јованов – Iwayo.

Видеоспотот изобилува со сцени од филмот, а е изработен од режисерот кој се потпишува исто и на самиот филм – Мартин Макариев, познат по најдобрата ТВ бугарска серија „Под прикритие“. Премиерата на филмот е закажана за февруари, 2018-та година.

Преземено од: http://www.ubavinaizdravje.mk

Слаткаристика е “Терориста”

Слаткаристика го објави својот нов сингл насловен „Терориста“, кој денеска беше претставен заедно со видео запис на официјалниот канал на продукцијата „Фејсинг д сан“ (Facing The Sun) на Јутјуб. Секако дека станува збор за уште еден хит на популарниот хип-хоп артист, кој самиот се потпишува како автор на стиховите, а музиката им е заедничка со колегата Иван Јованов – Ивајо, кој се погрижи и за аранжманот. Видеото, пак, се снимаше во „Станица 26“, под режисерската палка на Огнен Шапковски.

Slatkaristika – Terorista [Official HD Video]

Промоција | 2Бона и Слаткаристика – “Би направил се”

“Би направил се” е насловот на новата песна на новите дечки 2Бона и нашиот познат Слаткаритика. Песната е пуштена пред само некој ден на официјалниот YouTube канал на Слаткаристика. “Виновници” за создавањето на оваа песна се: Марио Јелиќ и Антонио Стојановиќ (2Бона), како и Слаткаристика и Иван Јованов – Iwayo. За видеото кое што е неофицијално и кое што ќе имате прилика во продолжение да го погледнете, се погрижи и го реализираше Филип Пауновски.