КОМУНИКАЦИЈАТА ПОМЕЃУ БОКИ 13 И ЗАЕВ ПРЕД ДА БИДЕ ПРИЈАВЕН СЛУЧАЈОТ “РЕКЕТ”…

Американска „Дура“ почна со изградба на две нови фабрики во Бунарџик

Премиерот Оливер Спасовски ги посети производствените капацитети на американската компанија „ДУРА аутомотив системс“, која веќе го почна производството во својата прва фабрика и ги почна работите на изградбата на две нови фабрики во Технолошко-индустриската развојна зона Скопје 2.

Компанијата во првата фабрика со најнова технологија веќе произведува компоненти за водечките светски автомобилски компании, во втората фабрика ќе произведува алуминиумски рамки за литиумски батерии со голем капацитет за електрични возила, а во третата ќе прави алуминиумски ултралесни профили за електрични возила.

Трите фабрики на ‘ДУРА Аутомотив системс’ ќе вработуваат околу 1.000 наши сограѓани. Сите тие ќе работат во најсовремени фабрички системи и ќе се стекнат со обуки и вештини да учествуваат во високотехнолошки процеси. За истакнување е и намерата на компанијата за поддршка на нејзините фабрики да изгради и центар за истражување и развој, кој ќе вработи висококвалификувани и искусни инженери, вклучувајќи и инженери за компјутерски дизајн, експерти за машини, механички и електроинженери и во кој ќе се врши обука за вработените.

Шокантна снимка од насилство врз дете во Аеродром објавена на социјалните мрежи

Уапсена жената која тепаше дете во скопско кафуле, му била дадилка

Утврдено е дека станува збор за негователка која била ангажирана да го чува детето. Негователката е приведена и известен е Јавен обвинител за натамошна постапка. Инцидентот е пријавен од страна на сопственик на угостителски објект. Тој околу 11:00 часот при проверка на безбедносните камери на угостителскиот објект, забележал како женско лице во игротеката физички малтретира дете, велат оттаму. Повеќе…

Германска компанија „Гересхајмер” почна изградба на фабрика во Бунарџик

Германската компанија „Гересхајмер” денеска во Технолошко индустриската развојна зона Бунарџик го означи почетокот на изградба на новата фабрика за медицинска пластика.