Јаулески со видео за децата на политичарите од власта и луксузот – СДСМ со осуда

Јован Јаулески, претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, на својот профил на социјалните мрежи постави монтирано видео со фотографии и имиња на децата на функционери од власта, прикажувајќи дека тие живееле во луксуз додека граѓаните се бореле да сврзат крај со крај.

СДСМ веднаш го осудија видеото, а воедно и нападот на синот на Гордана Силјановска Давкова.

Advertisements

Заев со честитка за 27-от роденден на СДСМ

“Драги сограѓани, драги сопартијци,

Со гордост го честитам 27-от рoденден на СДСМ – Социјалдемократски сојуз на Македонија

СДСМ докажа, низ годините и денес, дека е државотворна партија, дека знае да учи од своите и од туѓите грешки, дека има капацитет, желба, волја, енергија, сила – да предводи – напред!

Ја добивме честа од граѓаните да ги претставуваме. Да ве видам сакам сите одговорни и на висина на задачата.

Ова е обврска што си ја поставив себе си и ја очекувам од секој еден од вас.

За сите има место на ова парче убава земја – нашата Република Македонија!”

Екс претседател на МК на ДПМНЕ од Кр.Паланка преминува во СДСМ

Поранешен претседател на Месен Комитет “Грнчарска маала” на ВМРО-ДПМНЕ во Крива Паланка, самоиницијатвно ја напушта досегашната партија и преминува во СДСМ

Советникот Шехтански од ТМРО сакаше да го тепа колега Данилоски од СДСМ во Советот на Аеродром

Дискусијата во Советот на општина Аеродром се водеше во вжештена атмосфера. Во еден момент додека на говорницата беше советникот од СДСМ, Марко Данилоски, неговиот постар колега од ТМРО, Александар Шехтански, се обиде физички да го нападне, пренесе НОВА.

Данилоски објаснуваше дека во националната стратегија на Владата нема предвидено никакви кампови за бегалци, но Шехтански чија партија е во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, му дофрлуваше дека лаже и дека 11.000 бегалци за два дена ќе влезат во Македонија. Во еден момент Шехтански се доближи до Данилоски, а атмосферата се обидоа да ја смират другите колеги, кои го тргнаа советникот од ТМРО и не дозволија да се случи инцидент.

Инцидент во Советот на општина Аеродром 06.09.2017

Централен одбор на СДСМ | Едногласно беа поздравени чекорите на Зоран Заев

Централниот одбор на СДСМ вечерва едногласно ги поздрави достоинственоста, храброста и мудроста на чекорите и политиките на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на раководството на партијата и на пратеничката група на СДСМ и коалицијата, што резултираат со отворена можност за формирање на новата Влада на Р.Македонија.