СП 2018: Египет поразен и од Саудиска Арабија со 2-1

Тимот на Саудиска Арабија го победи Египет со 2:1 во натпревар без значење во групата А на Светското првенство во Русија.

Во 22-та минута, Мохамед Салах го доведе Египет во водство. Во додаденото време на првиот дел, Салман Ал Фараџ изедначи од пенал, а во 95-тата минута Салем ја донесе победата на Саудиска Арабија.

Untitled

Русија тргна моќно – „петарда“ за Саудиска Арабија на отварањето на светското

Русија фуриозно го стартуваше настапот на СП 2018, триумфирајќи со убедливи 5-0 на мундијалското отворање против Саудиска Арабија. Избраниците на селекторот Черчесов рутински ја оправдаа фаворитската улога, доминираа од почеток до крај, не дозволувајќи му на противникот да создаде ниту една единствена стопроцентна шанса. Сепак, домаќините се соочија и со сериозен проблем откако во првото полувреме повреда на мускулот заработи нивниот одличен плејмејкер Џагоев, кој по се изгледа нема да може да настапува до крајот на овој шампионат.