Руски авион со 234 патници принудно слетал во ниви со пченка

Руски патнички авион на компанијата Урал ерлајнс, принудно слета во нива, во близина на аеродромот „Жуковски“, набрзо по полетувањето од Москва, поради технички проблеми откако птици влегле во двата мотора на леталото. Никој од 234 патници и членови на екипажот не е повреден.

Advertisements

Руски бенд украде песна од Тоше Проески

Битките за прекршување на авторските права се мошне честа појава на Западот, особено кога станува збор за плагијаризам, односно копирање дури и на најмал извадок од авторски материјал без дозвола од легитимниот сопственик. Се чини дека ваков прекршок направи и рускиот бенд „Земљане“, кој во февруари годинава ја објави песната „Боже“, чија музика е сосема идентична со хитот „Боже, чувај ја од зло“ на нашиот Тоше Проески.

Ова особено ја разлути македонската публика, која остави бројни коментари под објавената песна на Јутјуб, бидејќи како автор на музиката е наведен Владимир Трушин, додека за стиховите бил задолжен Владимир Киселев. 

Оригиналната верзија на Тоше, која е сместена на неговиот последен албум „Игри без граници“ (2007), е дело на хрватските автори Миро Буљан и Антонија Шола, па дали тие дале согласност или допрва ќе се огласат по ова прашање, останува да видиме.

Се урна мост за дочекот на Новата година во Москва, има и повредени

Дрвен мост се преполови и се урна за време на новогодишната ноќ во московскиот парк Горк, при што најмалку 13 луѓе се повредени, пренесе „Раша тудеј“. Во моментот на уривањето, на мостот имало голем број луѓе кои се веселеле.

За љубителите на теории на заговор – чуден гол од Русија

На меч од руската втора лига меѓу екипите на Волгар Астрахан и Спартак од Владивосток, стоперот Роман Локтионов дал ист гол како и пред седум години против ист противник, од исто место и во исто време.

Инфарктна победа на Хрватска по пенали, „коцкестите“ во мундијалско полуфинале 2-2 (4-3)

Хрватска е последниот полуфиналист на Светското првенство во Русија, откако по изведувањето на пенали ја совлада Русија со 4-3, откако натпреварот во регуларниот тек заврши 1-1, а по продолженијата 2-2. Во второто полуфинале в среда Хрватите ќе излезат на мегдан против Англичаните, а влогот е големото финале на 14 јули во Москва.

Пенал рулетот им донесе повеќе среќа на Хрватите. Субашиќ го одбрани ударот на Смолов, а Фернандез го промаши голот. За Хрватите не реализира само Матео Ковачиќ.

Untitled.png

Русија ги издржа сите налети и по пенал рулетот ја исфрли Шпанија од мундијалот

Руската фудбалска репрезентација го направи првото големо изненадување во нокаут фазата на Светското првенство, откако направи подвиг во Москва елиминирајќи ја фаворизираната селекција на Шпанија.

Untitled.png

СП 2018: Уругвај го нанесе првиот пораз на домаќинот Русија

Уругвај ја освои битката за првото место во групата „А“, откако ја победи Русија со 3-0, со што го нанесе првиот пораз на домаќинот на Светското првенство.

Погодокот на Луис Суарез (10), автоголот на Денис Черишев (23) и прецизниот удар на Единсон Кавани во последната минута ја донесоа третата последователна победа на „урусите“, кои се уште немаат примен гол.

Untitled.png

На СП во Русија: Сместување во вселенски капсули

Еден руски бизнисмен реши да направи нискобуџетен хотел во градот Јекатеринбург кој ќе претставува идеално решение за сите посетители на Светското првенство.

Наместо соби, хотелот е исполнет со капсули кои потсетуваат на оние од научно-фантастичните филмови за вселената. Во овие капсули посетителите ќе имаат пристап до телевизија, клима-уред и сеф во кој ќе можат да ги оставаат нивните работи. Многу од гостите го доживуваат хотелот како атракција.

Прв пресврт на СП: Швајцарија ја разоружа Србија во вториот дел

Србија се радуваше на почетокот, Швајцарија на крајот од натпреварот во Калининград во рамки на второто коло во групата Е на Светското фудбалско првенство во Русија. Александар Митровиќ погоди во петтата минута за северниот сосед, Гранит Џака израмни на 1:1 во 52. минута, а трите бода за швајцарската репрезентација (1:2) ги обезбеди Џердан Шаќири по контрата во 90. минута.

Serbia v Switzerland – 2018 FIFA World Cup Russia™ – Match 26

Untitled.png

Русија тргна моќно – „петарда“ за Саудиска Арабија на отварањето на светското

Русија фуриозно го стартуваше настапот на СП 2018, триумфирајќи со убедливи 5-0 на мундијалското отворање против Саудиска Арабија. Избраниците на селекторот Черчесов рутински ја оправдаа фаворитската улога, доминираа од почеток до крај, не дозволувајќи му на противникот да создаде ниту една единствена стопроцентна шанса. Сепак, домаќините се соочија и со сериозен проблем откако во првото полувреме повреда на мускулот заработи нивниот одличен плејмејкер Џагоев, кој по се изгледа нема да може да настапува до крајот на овој шампионат.

 

 

Вознемирувачко видео: Се застрелал играјќи руски рулет со младоженецот среде свадба!

На една руска свадба во текот на прославата се случил вистински ужас кога младоженецот и неговиот пријател играле “руски рулет“.

Имено, застрашувачката игра ја започнал младоженецот, а потоа ја продолжил неговиот пријател. За жал, пиштолот испука и тој падна на земја.

GRAPHIC WARNING: Russian Roulette Shock As Wedding Guest Shoots Himself In Head

Лавров се струполи на земја пред преполна сала

Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, при излегувањето на бина на форумот „Русија – земја на можности“ се сопна на скала и се струполи на земја.

Џејсон Деруло ја има химната за СП во фудбал 2018

Џејсон Деруло ја сними официјалната химна за претстојното Светско првенство во фудбал, кое годинава за првпат ќе се одржи во Русија. Станува збор за весела денс-песна, соодветна за навивачката атмосфера што ги следи фудбалските натпревари, а како звучи темата насловена „Colors“ слушнете во продолжение.

Јулија Самојлова ја претстави руската евровизиска песна „I Won’t Break“

„I Won’t Break“ или „Нема да се скршам“ е песната со која Јулија Самојлова конечно ќе добие шанса да ја претставува Русија на „Евровизија“. Имено, како што е познато, пејачката беше одбрана да ги брани боите на својата земја и лани во Киев, но тамошните власти ѝ забранија влез во Украина, па сето тоа резултираше со комплетно повлекување од натпреварот.

Скандал во рускиот воздухопловен институт: Кадети играат по гаќи

На интернет се шири видео од кадети во рускиот воздухопловен институт кои играат на хитот „Satisfaction“ на италијанскиот диџеј Бени Бенаси.

На видеото може да се забележат кадетите облечени само по долна облека и капи, како заводливо играат на хитот од 2002 година.

Оригиналната снимка е повлечена од ЈуТјуб, но многу други канали веќе ја имаа повторно објавено.

Иако кадетите сакале само да се пошегуваат, видеото предизвика скандал во Русија.

Russian Cadets Take To Twerking To ‘Satisfaction’

ВИДЕО: Во ураганско невреме во Москва 13 мртви и 105 повредени

Билансот на жртвите во невремето кое денеска го погоди главниот град на Русија се искачи на 13 загинати и 105 повредени.

Повредените се хоспитализирани во 10 болници во Москва, а локалните власти предупредуваат дека бројот на жртви може да се зголеми.

Russia: Debris flies through the air as storm rips through Moscow street

Преземено од a1on.mk

ВО ЖИВО: Со воени паради во Москва и другите руски градови се одбележува Денот на победата

Парадата во Москва традиционално ќе се одржи на Црвениот плоштад. На неа годинава ќе учествуваат околу 10.000 лица, 114 единици со копнена борбена техника, 72 хеликоптери и авиони. Првпат на парадата се вклучени и единици на општоруското воено-патриотско движење „Јунармија“, девојки-курсисти на Воената придружна академија „Буџони“ и Воено-вселенската академија „Можајски“, како и маринци од Северната флота. Арктичката техника, која годинава за првпат е вклучена во парадата, е претставена од ракетните комплекси „Тор-М2ДТ“ и „Панцир-СА“.

Wind Of Change (од Scorpions) Во Индијанска Варијанта

Групата Wayra Nan (Héctor Loza, Jaime Loza. Raúl Loza, Alberto Loza) по потекло од Еквадор, постои повеќе од 10 години, а на Руската музичка сцена се од 2012 година. Тие свират традиционална индиска музика и прават инструментални верзии на познати светски песни во нивни традиционален стил.
Имаат издадено 7 албуми:

Return Of The Incas, Power Of The Peace, Power Of The Andes, Instrumenta, Music Zum Traumen, Melodias Del Corazón, CONDOR PASA.

Wayra Ñan – Путь ветра – Wind Of Change

КРИМИНАЛЦИ СЕ ЗАКЛУЧИЈА ВО БЛИНДИРАНО ВОЗИЛО: Кога дојдоа руските специјалци им приредија вистински пекол (ВИДЕО)

На видеото е прикажана акција на специјалната руска полиција, чии припадници изнесуваат група на криминалци кои мислеа дека ќе се спасат доколку се заклучат во блиндиран автомобил.

ruski specijalci i kriminalci