Неуспешен крај на хрватската бајка: Франција вторпат на светскиот трон!

Франција по втор пат во својата историја е светски првак во фудбал, откако денеска во големото финале на Мундијалот во Русија ја совлада Хрватска со 4-2.

„Триколорите“ повторно се на светскиот трон, по 1998 година, кога беа домаќини на турнирот. Денеска на „Лужники“ Хрватска играше, а Франција даваше голови.

Натпреварот почна баксузно за „коцкестите“ откако Марио Манџукиќ го отвори резултатот и тоа со гол во својата мрежа во 18-тата минута. Иван Перишиќ успеа да израмни десет минути подоцна. Франција повторно се врати во водство, откако Иван Перишиќ играше со рака во својот шеснаесетник, а судијата Нестор Питана покажа на белата точка откако се консултираше со ВАР-технологијата. Антоан Гризман беше прецизен од белата точка во 38-та минута.

Во вториот Хрватска продолжи да доминира, но Франција со два брзи гола од далечина успеа да си ја обезбеди титулата светски првак. Прво погоди Пол Погба во 59-тата минута, а шест минути подоцна реализираше и Килијан Мбапе. Манџукиќ успеа да ја погоди вистинската мрежа во 69-тата минута, откако францускиот голман Иго Лорис кисираше за конечни 4-2.

Untitled

Advertisements

Англија се враќа дома без медал, Белгија трета светска сила

Фудбалската репрезентација на Белгија го освои третото место на Мундијалот во Русија, откако успеа да ја совлада Англија со 2-0 во денешното „мало финале“.

Во битката на ’ранетите полуфиналисти’ во Санкт Петербург, избраниците на Роберто Мартинез подобро се снајдоа и успеаја со брз погодок да ја разбијат англиската одбрана. Томас Муние во четвртата минута го отвори резултатот на овој меч. Еден Азар во 82.минута постигна втор гол за Белгија и ги разреши дилемите околу победникот.

Belgium v England – 2018 FIFA World Cup Russia™ – Play-off for third place

Untitled

Хрватска со триумф во 109 минута над Англија се избори за историско финале на СП!

Фудбалот ќе почека уште најмалку две години за да се врати дома. Фудбалската селекција на Хрватска е вториот финалист на Светското првенство во Русија, откако во полуфиналето на „Лужники“ во Москва со 2-1 (1-1 во регуларниот дел) по дополнителните 30 минути славеше над репрезентацијата на Англија. За „коцкестите“ ова е прво финале во историјата, досега најголем успех им беше полуфиналето на СП 1998 година, кога беа елиминирани од домаќинот, а подоцна шампионот Франција (2-1).

Англија стартуваше фантастично со прекрасен гол од слободен удар на Киран Трипиер по само пет минутри игра на „Лужники“. Хрватска не делуваше добро во првото полувреме, но затоа пак се разбуди откако Иван Периѓиш ја погоди мрежата на Џордан Пикфорд во 68-та минута.

„Коцкестите“ играа фантастично, а преку Перишиќ кратко по голот можеа и да поведат со 2-1, но фудбалерот на Интер ја погоди стативата. Во продолженијата Џордан Пикфорд ја спаси Англија, откако Манџукиќ шутираше од близина. Ако не постигна гол во првото продолжение, во второто Манџукиќ не погреши и го матираше англискиот голман во 109-тата минута за голема победа на Хрватска и пласман во големото финале.

Untitled.png

Франција е прв финалист на СП, Умтити со златен гол ги сруши соништата на Белгија

Во првото полуфинале на Светското првенство Франција минимално славеше над Белгија (1-0) и е првиот учесник во големото финале. Избраниците на Дидие Дешамп ќе играат за втората светска титула во својата историја, откако првата ја освоија пред 20 години пред своите гледачи.

Untitled.png

Колинда е закон: Влета во соблекувална и пееше со фудбалерите

Претседателката на Хрватска, Колинда Грабар – Китаровиќ, на посебно емотивен начин ги доживува натпреварите и успесите на фудбалерите. Таа се радуваше на постигнатите голови, изведе шоу пред Медведев и Инфантино, а по пенал – триумфот се симна и во соблекувалната, лично да им честита на хрватските фудбалски херои за новиот успех. Таа пееше и играше заедно со фудбалските репрезентативци…

Инфарктна победа на Хрватска по пенали, „коцкестите“ во мундијалско полуфинале 2-2 (4-3)

Хрватска е последниот полуфиналист на Светското првенство во Русија, откако по изведувањето на пенали ја совлада Русија со 4-3, откако натпреварот во регуларниот тек заврши 1-1, а по продолженијата 2-2. Во второто полуфинале в среда Хрватите ќе излезат на мегдан против Англичаните, а влогот е големото финале на 14 јули во Москва.

Пенал рулетот им донесе повеќе среќа на Хрватите. Субашиќ го одбрани ударот на Смолов, а Фернандез го промаши голот. За Хрватите не реализира само Матео Ковачиќ.

Untitled.png

По 28 години, Англија се врати во полуфинале на СП

По 28 години пауза, Англија повторно ќе игра во полуфинале на Светското првенство. „Трите лава“ успеаја да ја совладаат репрезентацијата на Шведска со 2:0 и се пласираа во битката за медали на СП 2018. Погодоците ги постигнаа Хари Мегваер и Деле Али .

 

Untitled.png