Ова е трејлерот на филмот “Ругање Со Христос” кој според Министерството за култура шири омраза

Министерството за култура се дистанцира од филмот „Ругање со Христос“ и го осудува јазикот на омраза, што тој го поттикнува, рече на прес-конференција, ресорниот министер Асаф Адеми.

– По објавување на трејлерот на филмот во кој војниците на ОНА се претставени како насилници-силувачи, Министерството за култура објаснува за јавноста дека овој филм нема никаква врска со Министерството и актуелниот состав на Министерството, туку е поддржан од Агенцијата за филм на Република Македонија во 2015 година, истакна Адеми

Advertisements