Торнадо во Романија

Силно торнадо во Романија на 70 километри од Букурешт. Настаната е штета врз домовите и возилата, пренесуваат медиумите од регионот.

 

Advertisements

Премиерот Заев ја почна официјалната посета на Романија, средба со премиерката Данчила

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев ја почна официјалната посета на Романија, со средба со романската премиерка, Виорика Данчила.

Премиерката Данчила соопшти дека во Романија се почнати процедурите за ратификација на Протоколот за пристап на нашата држава во НАТО што е изгласано во Домот на пратениците. Во изјавата за медиуми таа рече дека очекува брзо заокружување на тој процес и дека Република Северна Македонија во најбрзо време ќе биде 30. членка на НАТО.

Романската премиерка Данчила ја реафирмираше позицијата за продолжување на проширувањето на ЕУ, врз индивидуални заслуги за земјите од Западен Балкан. Таа изјави дека очекува дека во јуни ќе бидат потврдени политиките на проширување на ЕУ и охрабри нашата земја да продолжи со исполнување на реформските аргументи.

Премиерката Данчила јавно честиташе на премиерот Заев за неговиот придонес низ храброста и енергијата во големите процеси за нашата држава, што смета дека е инспирација за целиот регион.