Роберт Билбилов направи ремикс на евровизиската „Proud“

Евровизиската песна „Proud“, со која Тамара Тодевска ќе ги брани боите на нашата земја на „Евровизија 2019“, штотуку си доби уште еден ремикс, овој пат од еден од авторите на оригиналот – Роберт Билбилов. Долгогодишниот соработник на Тамара, кој заедно со колегите Дарко Димитров и Лазар Цветкоски се потпиша на музиката и аранжманот на „Proud“, емотивната балада ја „преточи“ во ново руво, а како звучи сето тоа можете да слушнете во продолжение.

Tamara Todevska – Proud – Robert Bilbilov Remix

Advertisements

Билбилов ги екранизираше своите „Чудни места“ во Кокино

Макфестовската „Чудни места“, со која Роберт Билбилов се врати на музичката сцена (како изведувач) по пауза од неколку години, сега си доби и соодветна, вселенска екранизација, а како локација уште посоодветно беше избрана една од најстарите мегалитски опсерватории во светот – Кокино. Воодушевувачките пејзажи и визуелните екфекти одлично ја дополнуваат песната, симболизирајќи ја љубовта како исто толку универзална, мистична и бескрајна како вселената.

Robert Bilbilov – Cudni Mesta (Official Video) 4K

Хитот на Билбилов, „Избриши ги ти солзите“ доби нова верзија

Еден од најголемите хитови на Роберт Билбилов – макфестовската „Избриши ги ти солзите“ (2006) си доби нова, освежена верзија, отпеана во дует од Александар Тарабунов и Барбара Поповиќ.

Роберт Билбилов им направи ремикс на „Дупер“

Ремиксот на Билбилов стигна во пакет со видео во режија на Зоран Зонде Стојановски, а како изгледа и звучи сето тоа дознајте во продолжение. Уживајте!

Роберт Билбилов ѝ направи хит на младата ѕвезда Мина Блажев

ткако одлично нè претстави на минатогодишната детска Евровизија во Грузија, младата пејачка надеж Мина Блажев неодамна го објави својот нов сингл, овој пат подготвен во студиото на еден од најдобрите музички автори во Македонија и регионот – Роберт Билбилов. Неговиот потпис стои на музиката, текстот, аранжманот и продукцијата, а темата насловена „Веќе нема“ визуелно ја дополни Александар Ристовски Принц.

Џулијана го екранизираше хитот од Билбилов, „Do It Right“

Младата кубанско-босанска пејачка Џулијана Јовановиќ за својот последен сингл му се довери на нашиот хитмејкер Роберт Билбилов, од чие студио произлезе хитот „Do It Right“. Тој се потпишува на музиката, аранжманот и продукцијата, а стиховите си ги напиша самата Џулијана.

Видеото, пак, кое беше објавено деновиве, го реализираше екипата на „Џубокс видео“, под режисерската палка на Џулијани, а за одличната монтажа беа задолжени Даниел Јовески и Марина Трајковска. Снимањето се одвиваше во „Буши резорт и спа“, а како изгледа сето тоа можете да погледнете.