Пред 27 години беше создадена костумираната серија„Чудовиштата од нашиот град“ …

Advertisements

Пред 10 години на денешен ден на плоштадот Македонија во Скопје беа нападнати демонстрантите кои протестираа против изградбата на црква на плоштадот

Пред точно 10 години на денешен ден (28 март 2009 година) на плоштадот Македонија во Скопје беа нападнати демонстрантите кои протестираа против изградбата на црква на плоштадот. Протестот беше разбиен од група насилници кои добиваа вербална поддршка од контра-демонстранти кои носеа икони и други христијански симболи. Демонстрантите ја обвинуваа полицијата која немо ги набљудуваше нападите, дека не преземала ништо за да ги заштити.

17 години подоцна: Ново видео за ужасот од нападите на 11 септември

САД денеска одбележуваат 17 години од терористичките напади во Њујорк и Вашингтон. Во меѓувреме, објавена е нова снимка, која го прикажува ужасот од нападите на терористите самоубијци на кулите близначки на Светскиот трговски центар во Њујорк, на 11 септември 2001 година.

На денешен ден пред 16 години – „Кометал шампионе“ остана еден единствен и недостижен!

Кометал Ѓорче Петров останува посебен и единствен во историјата на македонскиот спорт. На денешен ден, 19 мај 2002 година екипата која израсна во скопското предградие, на Македонија и ја донесе првата европска титула и најголемата спортска радост.

И 16 години подоцна Македонија со носталгија се присетува на „Кометал шампионе“, на победите и на единствените моменти во „Кале“, на неизмерната радост што ја обедини цела Македонија.

На денешен ден пред 38 години почина претседателот на СФРЈ Јосип Броз Тито

Доживотниот претседател на Социјалистичка Федеративна Република Југославија, Јосип Броз Тито, почина на денешен ден 1980 година во болница во Љубљана.

Смртта на Јосип Броз-Тито, доживотниот претседател на Социјалистичка федеративна Република Југославија и на Сојузотт на комунисти на Југославија,  беше доживеана како национална трагедија. Тој е погребан во Куќата на цвеќето, во Белград, на 8 мај 1980 година , каде и сега се наоѓа неговиот гроб, посетуван се уште од негови почитувачи и туристи.

Пред 20 години испеа една од најубавите македонски песни, а еве како изгледа денес

Пред дваесетина години на „Макфест“ испеа една од најубавите македонски песни на сите времиња.

Станува збор за Цветанка Глигорова, која во 1995 година на овој наш престижен музички фестивал ја изведе познатата „Не биди слеп”

Денес Цветанка живее во Кавадарци, но и понатаму се занимава со музика. Таа има свои настапи низ цела Македонија, а забавите кои ги прави се паметат многу долго.

 

Македонија пред 24 години го одигра првиот официјален меч | Словенија 1-4 Македонија, 13.10.1993

Денеска се одбележуваат 24 години од првиот меч на македонската фудбалска репрезентација кога во Крањ во историски меч ја совладавме Словенија со 4:1.

Првиот гол во дресот на Македонија го постигна Зоран Бошковски-Чоко уште во 5. минута од мечот, а потоа стрелци беа и Дарко Панчев, актуелниот тренер на Вардар, Чедомир Јаневски (од пенал), како и Драган Канатларовски-Цапар.

Во стартниот состав на Македонија беа Горан Јовановски, Бобан Бабунски, Зоран Бошковски, Кире Грозданов, Чедомир Јаневски, Драган Канатларовски, Љупчо Марковски, Ванчо Мицевски, Зоран Мицевски, Илија Најдоски и Дарко Панчев. Во играа влегоа и Неџмедин Мемеди и Сашо Милошевски. Прв македонски селектор беше легендарниот Андон Дончевски.

Погледнете како изгледал првиот настап на Јелена Карлеуша

Јелена Карлеуша својот прв албум “Ogledalce” го објавила во 1995 година кога имала 17 години. Таа на својот FB профил објави снимка од својот прв јавен настап:

Три минутна носталгија со Реал и Манчестер | Лига на шампиони, четвртфинале, втор натпревар, Олд Трафорд, 2003-та година.

Сер Алекс Фергусон имаше тешка задача, бидејќи неговиот колега од спротива Висенте Дел Боске гостуваше со добар резултат од 3:1 од првиот дуел. Задачата да се возврати ударот имаше уште една тежина плус, а тоа е формата на Роналдо кој дојде со прецизен нишан.

Конечниот резултат беше 4:3 со хет-трик на Роналдо кој му донесе три пати водство на својот тим. Победата на домаќините беше пирова, бидејќи се соочија со елиминација од вкупни 5:6.