Илјадници Узбекистанци се принудени да работат „доброволно’ за проект на претседателот

Илјадници Узбекистанци се принудени да работат „доброволно’ за проект на претседателот. Мора да градат нови куќи бесплатно, или ќе сносат последици. Властите тврдат дека луѓето работат доброволно.

Шешељ запали знамиња на ЕУ и НАТО во центарот на Белград

Во организација на националистичката Српска радикална партија (СРС) денеска во центарот на Белград се одржа протестен марш по повод 20-годишнината од почетокот на воздушните напади на НАТО врз поранешна СР Југославија, на кои беа запалени знамиња на ЕУ и Алијансата.

Учесниците на маршот ги предводеше лидерот на СРС и осуден воен злосторник од страна на Хашкиот трибунал, Воислав Шешељ, кој на почетокот на собирот запали знамиња на Европската унија и НАТО.

Младиот тетовец Ханис Багашов на 12 години случајно влезе во филмската индустрија, но неслучајно добива награди.

Ханис Багашов на 12 години во фиока ја откри својата професија. Младиот тетовец случајно влезе во филмската индустрија, но неслучајно добива награди. Неговите филмски креации се кратки и искрени, со љубов.

Што има да порача талентираниот режисер?

Денес е Трамп, утре Есма – талентот на Андријана, младата велешанка со сенки и моливи се претвора во различни ликови

Денес е Трамп, утре Есма – талентот на Андријана
Младата велешанка, Андријана Стојановска BeautyAnica со сенки и моливи се претвора во различни ликови. Од талентот за визуелни трансформации или филмска шминка не може да се живее. Но, се надева ќе се отворат школи или курсеви барем за филмска шминка. Што друго има да порача Стојановска?

Со 68 гласови „за“, без „против“ и „воздржани“, Собранието попладнево донесе одлука на 30 септември да се одржи референдум за името

Со 68 гласови „за“, без „против“ и „воздржани“, Собранието попладнево донесе одлука на 30 септември да се одржи референдум за името, кој ќе биде консултативен. Прашањето ќе гласи – Дали сте за влез во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција?

Навивачката група Комити и други граѓани излегоа на протестен марш во чест на Никола Саздовски – Саздо

Под мотото „Правда за Саздо“, навивачката група Комити и други граѓани излегоа на протестен марш во чест на Никола Саздовски – Саздо, кој неодамна почина откако беше претепан од три лица. Демонстрантите бараат најстрога казна за виновниците

Со аплауз и честитки беше прославено денешното ратификување на договорот за името со Грција

Во отуство на опозицијата, за договорот едногласно гласаа „за“ 69 пратеници.

Протестите на илјадници Ерменци продолжија синоќа во Ереван и покрај претходните обиди на полицијата да ги растури. Демонстрантите бараат новоназначениот премиер Серж Саркијан да се повлече