Во ТАБ МАК Пробиштип годинава ќе се произведат 1,7 милиони, по завршување на инвестицијата ќе се произведуваат 3 милиони акумулатори

Втора инвестиција вредна 25 милиони евра и 80 нови вработувања, најавува словенечката компанија за производство на акумулатори „ТАБ МАК“. Со работа наскоро ќе почне и производствениот капацитет на фабриката „Кранфилд Фаундри“, најавија денеска премиерот Зоран Заев кој заедно со вицепремиерот Кочо Анѓушев.

– Бројот на вработени од Пробиштип и околните населени места во „ТАБ МАК сега е 440, а со дополнителната инвестиција од преку 20 милини евра за реконструкција и проширување на капацитетите според најмодерни стандарди, до крајот на 2022 година ќе бидат отворени дополнителни 90 работни места, рече Заев по посетата на „ТАБ МАК“.

По завршување на инвестицијата, „ТАБ МАК“ следната година ќе произведува три милиони акумулатори, а за оваа година е планирано да бидат произведени 1.700.000 парчиња.

Advertisements

Инвестиција од 25 милиони евра во Македонија – словенечка фабрика за акумулатори ќе отвори 90 работни места во Пробиштип

ремиерот Зоран Заев информираше дека во Македонија ќе дојде нова инвестиции. Станува збор за фабрик за акумулатори со вкупна вредност од 25 милиони евра.

„Испраќаме добри вести од Словенија. Ни доаѓа нова инвестиција – словенечка компанија ТАБ МАК, фабрика за акумулатори со вкупна вредност од 25 милиони евра, којашто ќе отвори над 90 нови работни места во Пробиштип.

Оваа фабрика се отвора во внатрешноста што е дополнителен импулс за рамномерниот регионален развој. Се потврдува дека севкупните наши политики значат отворање на перспективи на Северна Македонија за интегративните процеси, но и на сите економски политики што ги водиме во државата“, вели Заев.