Игор Џамбазов како Јонче Христовски – “Свирете Ми Чалгии”

Најубавата новогодишна програма оваа година ја имаа екипата на Преспав каде актерите покажаа дека знаат и да пеат. За Џамбазов нема што да се зборува го знаеме дека за се го бива, па така тој ја отпеа “Свирете Ми Чалгии” во стилот на Јонче Христовски

Igor Dzambazov – Svirete mi calgii

Каролина, Тијана, Јелена, Васил и Вера од „Љубојна“ ја пеат „Во коси да ти спијам“ од Тоше

Новогодишните емисии на македонските телевизии и годинава ги имаше во голем број, а оние што одлучија на најлудата ноќ да останат дома, имаа можност да одберат во чие друштво ќе ја дочекаат Новата 2019 година. Меѓу нив беше и екипата на популарната ТВ серија „Преспав“, која приреди одлично тричасовно шоу, збогатено и со музички гостувања на голем дел од нашите најпознати пејачи.

Особено впечатлив беше заедничкиот настап на актерите Јелена Јованова и Васил Зафирчев со Тијана, Каролина и Вера од „Љубојна“, кои му оддадоа чест на својот легендарен колега Тоше Проески, изведувајќи го неговиот хит „Во коси да ти спијам“, а видеото го сподели и Каролина на својата страница на Фејсбук.

ПРЕСПАВ Сезона 3 (Трејлер) „Нов Газда“

После успешните две сезони на хит серијата “Преспав” ќе следува и трета сезона. Премиерата ќе биде на 17 декември 2018година на МРТ1 од 20 часот и 15 минути

Официјална најава за трета сезона на македонската ТВ серија “Преспав”.

Третата сезона на “Преспав” најавена со видео спот

После успешните две сезони на хит серијата “Преспав” ќе следува и трета сезона. Премиерата ќе биде на 17 декември 2018година на МРТ1 од 20 часот и 15 минути

„Куршлус“

Таму некаде на север од југот, едно малечко местенце Преспа се прочу во светот. Се појави чудовиште, се бараше нафта, дојдоа странски претставници, се организираа избори, и што ли уште не!

Пансионот што никогаш не спие.

Таму некаде е ПРЕСПАВ!

режија и монтажа: Ла Сандра Ѓоргиева

директор на фотографија: Дејан Димески

музика, текст и аранжман: Мите Димовски, студио „Тра ла ла“

продуцент: Пеце Талески

„Преспав“ – официјален трејлер

ТВ серијата „Преспав“ е „ сит-ком“, со информативен и едукативен карактер, која од овој месец (октомври) треба да ги забавува гледачите на малите екрани.

Серијата ја прикажува семејната приказна на браќата Бузалевски, кои отвораат пансион во преспанскиот регион, благодарение на средствата добиени од ЕУ фондови. Пансионот „Преспав“ е метафора на реалните општествени случувања во Република Македонија, во кои се прекршува балканскиот менталитет, од кој ликовите не можат да избегаат, и желбата да се почитуваат и да се воспостават европските стандарди. Ваквата ситуација ги става ликовите во постојан конфликт и недоразбирање од кои произлегуваат комични ситуации во кои ќе можат да се препознаат и самите гледачи.

Серијата деновиве ќе почнува да се емитува на програмата на Телевизија Телма, а вие во продолжение може да ја погледнете најавата за неа:

Prespav – trejler