Роналдо и Португалија капитулираа: Уругвај јуриша на Франција во четвртфиналето!

Кристијано Роналдо и европскиот првак Португалија го завршија својот пат на фудбалскиот Мундијал во Русија, поразени од Уругвај, во осминафиналето.

Уругвајците ја совладаа Португалија со 2-1, понесени од фасцинантната партија на Единсон Кавани.

Untitled.png

 

Еврогол на Кварезма, Португалија ремизираше со Иран (1-1)

Португалија ремизираше со Иран (1-1) и го освои второто место во групата Б. Рикардо Кварезма со фантастичен погодок во 45.минута донесе водство за актуелниот европски првак, а во последмите мигови од мечот, Карим Ансарифард од пенал донесе израмнување. Кристијано Роналдо на овој меч промаши пенал, откако во 53.минута голманот Беиранванд го одбрани неговиот удар.

IR Iran v Portugal – 2018 FIFA World Cup Russia™ – Match 35

Untitled

Роналдо испиша историја – Урна рекорд стар повеќе од 60 години (Португалија 1-0 Мароко)

Португалската фудбалска ѕвезда, Кристијано Роналдо го урна славниот рекорд на Ференц Пушкаш и стана најдобриот европски стрелец во историјата на фудбалот.

По хет-трикот за реми против Шпанија (3:3), ја затресе мрежата и на Мароканците за рекордни 85 погодоци, бројка која ниту еден фудбалер ја нема постигнато носејќи го репрезентативниот дрес. Досега рекордот го држеше Пушкаш со 84 погодоци за Унгарија во периодот од 1945-1954.

Роналдо засега е и прв стрелец на Мундијалот во Русија со четири погодоци. До крајот на кариерата ќе ја напаѓа борјката од 100 погодоци во националниот дрес на Португалија.

Portugal 1 v 0 Morocco – 2018 FIFA World Cup Russia™ – Match 19

Untitled

Португалија и Шпанија ремизираа, а Роналдо урна два нови рекорди

Кристијано Роналдо одигра феноменален натпревар на стартот од СП 2018, постигнувајќи хет-трик против Шпанија и испишувајќи нови страници во листата на рекорди.

Хет-трикот постигнат на возраст од 33 години и 130 дена го направи Роналдо најстар играч кој постигнал три гола на еден мундијалски дуел.

Покрај тоа, Кристијано стигна до неверојатно остварување – запишувајќи се меѓу стрелците на осум големи натпреварувања во низа. Станува збор за серија што започна на ЕП 2004 и продолжи на СП 2006, ЕП 2008, СП 2010, ЕВРО  2012, и сега на мундијалот во Русија во 2018 година.

Untitled

Нокаутираше судија со колено, па веднаш е избркан од клубот…

Марко Гонсалвес, фудбалер на нисколигашот Канелас 2010 од Португалија, нокаутираше судија со колено на сред натпревар. Веднаш потоа, Гонсалвес е избркан од клубот од каде објавија дека никогаш повеќе нема да го носи нивниот дрес.

Се почна по една гужва пред шеснаесетникот на гостите, во натпревар од четвртата лига на Португалија, кога Гонсалвес удри противнички фудбалер. Судијата сето тоа го забележа доделувајќи му црвен картон, по што Гонсалвес веднаш со колено го нокаутираше судијата.