Словачка и Полска го ратификуваа Протоколот за прием на Македонија во НАТО

Advertisements

Јапонија и покрај поразот од Полска (0-1), се пласираше во осминафинале, поради помалиот број на жолти картони кои ги доби на Мундијалот

Јапонија и покрај поразот од Полска, се пласираше во осминафинале, благодарение на помалиот број на жолти картони кои ги доби на Мундијалот.

Во израмнет натпревар, Полска преку Јан Беднарек успеа да постигне гол за победа од 0-1 и утешен триумф со кој се збогуваат од Светското првенство во Русија.

За првпат на годинешното Светско првенство се случи ваква ситуација, откако Јапонија и Сенегал имаа ист број на бодови, како и иста гол разлика, но поради разликата во жолти картони (Сенегал има шест, Јапонија четири), Јапонците ја завршија групната фаза на втората позиција.

Untitled.png

Колумбијците ја совладаа Полска со 3-0

Фудбалската репрезентација на Колумбија ги зголеми надежите за пласман во осминафиналето на Светското првенство, совладувајќи ја Полска со убедливи 3-0. По непријатниот пораз од Јапонија, фудбалерите на Хозе Пекерман вечерва блеснаа во полн сјај и одиграа на високо ниво. Колумбија сега има три бода, и ќе мора да одигра најдобро што знае и умее и во третото коло против Сенегал, кој има бод повеќе, исто како и Јапонците.

Untitled

Полска беше целосно надиграна од страна на Сенегал, па овој натпревар заврши со заслужена победа на африканската селекција од 2-1

Вториот меч од групата Х донесе ново изненадување, откако Полска беше целосно надиграна од страна на Сенегал, па овој натпревар заврши со заслужена победа на африканската селекција од 2-1. Сенегалците одиграа дисциплинирано во одбраната, додека во нападот ги искористија грешките на полскиот состав и заслужено стигнаа до трите бода, за голем чекор напред кон осминафиналето на овој мундијал.

Poland 1 v 2 Senegal – 2018 FIFA World Cup Russia™ – Match 15

Untitled.png

ВИДЕО: Цепелин Талески-Шилегов преку цел терен за овации од публиката

Најубавиот момент во првото полувреме (Македонија – Полска) дефинитивно е цепелинот во 18. минута, од страна на Филип Талески, кој од гол на гол му асистираше на Мице Шилегов, а овој одлично заврши за предност во тој момент од +7 (11-4).

cepelin taleski shilegov