После 18 години Борец од Велес се врати во ПМФЛ и заигра пред полн стадион

ФК Борец од Велес се врати на фудбалската мапа и заигра во најдобрата македонска фудбалска лига и на својот натпревар на домашен терен на стадионот ,,Зоран Паунов” одигра реми со фаворитот Вардар и освои премиерен бод во ПМФЛ.

Бодот и не е толку во прв план колку што беше прекрасната атмосфера и преполниот стадион со гледачи кои покажаа дека Велес го сака спортот, воедно и дека овој град е навистина спортски град. Двете навивачки групи Гемиџии Велес и Комити Скопје во текот на целиот натпревар беспоштедно ги бодреа своите миленици.

ui.jpg

Advertisements

Како Шкендија ја прослави титулата

Шкендија сосема заслужено го освои шампионскиот трофеј оваа сезона минувајќи прва низ целта, со огромна предност во однос на второпласираниот Вардар. Со вчерашниот триумф над Шкупи (2-0) во Тетово, избраниците на Ќатип Османи и официјално станаа недостижни за конкурентите, а потоа почна и славјето

На бод од титула – Славјето на Шкендија почна уште на „Филип Втори“

Шампионското славје на Шкендија почна уште на „Филип Втори“ во Скопје по триумфот од 2-3 против Вардар…

Тетовци се само на бод од шампионската круна, па славјето за одличната сезона го почнаа уште денеска на нашиот најголем стадион…

Гол на колото: Пановски како Лео Меси (ВИДЕО)

Кој вели дека на македонските стадиони не се постигнуваат прекрасни погодоци..?! Александар Пановски постигна фантастичен гол од слободен удар за отворањето на резултатот на мечот меѓу Силекс и Ренова во Кратово. Во стилот на Лео Меси. Голманот на гостите остана скаменет и можеше само со поглед да ја испрати топката како ја тресе мрежата…

ВИДЕО: Додека „балистите“ приредуваа пиротехничко шоу, Николов го дуплираше водството на Вардар!

Вардар ја потврдува победата во Тетово, а вториот гол за екипата на Гоце Седлоски го постигна Бобан Николов. Иронично, голот стигна додека популарните „Балисти“ приредуваа пиротехничко шоу на градскиот стадион во Тетово.

dodeka balistite prireduvaa pirotehnicko sou nikolov go duplirase vodstvoto na vardar  додека „балистите“ приредуваа пиротехничко шоу, николов го дуплираше водството на вардар!

untitled  untitled  untitled

„Чкембари“ опасно настрадаа во Кочани и реагираат на полициска бруталност (Видео)

Членови на навивачката група „Чкембари” кои го поддржуваат Пелистер брутално се претепани во Кочани, а реагираат на непримерна употреба на сила од страна на силите за безбедност.

Еве ја нивната реакција:

По завршувањето на вчерашниот натпревар помеѓу Брегалница – Пелистер одигран во Кочани, дојде до физички напад на навивачката група Чкембари од страна на неколку лица од Штип/Кочани и од полицијата, при што со сериозни повреди се здобија неколку наши членви. Имено по завршувањето на натпреварот по тргнувањето спрема Битола, нашиот автобус беше нападнат со камења од страна на домашната публика. Веднаш автобусот застана и излегоја неколку членови и реагираа кон напаѓачите. Наместо полицијата да не заштити и безбедно да не спроведи кон Битола тие брутално не нападнаа и употребија несоодветна сила спрема нас. Денес во медиумите гледаме пласирање на невистини и напади кон нас, осуди за нашето однесување, а никаде осуди за насилничкото оденсување на оние кои треба да спречат насилство. ПРАВДА ЗА НАВИВАЧИТЕ !!!

 

чкембари инцидент,тепачка, ckembari incident, tepacka

ПМФЛ – 11. коло – Работнички- Шкупи 3-1

Работнички повторно се враќа на победите во Првата македонска фудбалска лига. Составот на Виктор Треневски ја запиша и втората едноподруго победа, славејќи убедливо со 3-1 против Шкупи на „Филип Втори“.

Стрелци на головите за Работнички беа, Душан Трајчевски во првото полувреме, и Филип Ивановски и Суад Сахити во вториот дел. А, стрелец на почесниот гол за Шкупи беше Калил Мустафа Ламбин во самиот финиш од мечот…

rabotnicki 3 – 1 shkupi