Шилегов брка непрописно паркирани таксисти кај Сити Мол

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов попладнево влезе во улога на сообраќаен полицаец и бркаше непрописно паркирани таксисти кај Сити Мол на улицата Љубљанска.

Шилегов дојде до својот автомобил, излезе и почна да им кажува на такситите да се тргнат, бидејќи такси станицата е поместена и веќе не се наоѓа таму. Град Скопје, при реконструкцијата на улицата, ја помести такси станицата подолу за да не се создава хаос пред влезот на паркингот на Сити Мол.

Advertisements

Шилегов собира ѓубре со раце, новинарот Фуркан Салиу го зафркава

“Ако ништо повеќе, Шилегов има најдобар сенс за хумор” напиша Салиу на неговата објава на видеото

Шилегов и кандидатот на ДУИ за Чаир, Ганиу се возеа со автобус и дискутираа за општината

Кандидатот на ДУИ за градоначалник на Чаир, Висар Ганиу на својот Фејсбук профил објави видео на кое заедно со новоизбраниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов, се возат во приватен автобус и дискутираат за општината и плановите од програмата.

Шилегов лично го покани Трајановски на ТВ дуел

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од СДСМ, Петре Шилегов го покани на ТВ дуел противкандидатот од ВМРО-ДПМНЕ, Коце Трајановски додека даваше изјава по повод потпишувањето на „Платформата за чист воздух“, од граѓанската иницијатива О2 коалиција за чист воздух.

Шилегов се обрати до Трајановски и побара да се појави на снимањето на дебатата меѓу кандидатите за градоначалник на Скопје.

„Денеска на потпишувањето на барањата на иницијативата О2, Коце се обиде да ми реплицира на мојата изјава, па го поканив конечно да дојде на дебата вечерва на ТВ Телма.“, напиша под објавеното видео на својот Фејсбук профил, Петре Шилегов.