СП 2018: Перу со почесна победа над Австралија заминува од Мундијалот

Перу ја совлада Австралија со 2:0 во натпревар од групата Ц на Светското првенство во Русија.

По двата минимални порази од Франција и Данска, за Перу ова беше прва победа на мундијал по пауза од 36 години.

Андре Кариљо во 36-та минута донесе водство за Перуанците од 1:0, а во вториот дел Паоло Гереро беше прецизен во 50-та минута за конечни 2:0.

Untitled

Мбапе испиша историја, Франција го совлада Перу со 1-0

Франција е најновата селекција што обезбеди пласман во осминафиналето од СП 2018 откако „триколорите“ денеска стигнаа до нова минимална победа, овојпат од 1-0 против селекцијата на Перу. Килијан Мбапе беше човекот на одлука, постигнувајќи го победничкиот погодок за испишување на историја, како најмлад стрелец (19 години и шест месеци) за „триколорите“ на големите натпреварувања.

France v Peru – 2018 FIFA World Cup Russia™ – Match 21

Untitled

Репрезентацијата на Перу незаслужено го загуби својот премиерен меч на овој мундијал, со минимални 0-1 против Данска

Репрезентацијата на Перу апсолутно незаслужено го загуби својот премиерен меч на овој мундијал, со минимални 0-1 против Данска во натпревар во кој јужноамериканската репрезентација целосно доминираше, промаши пенал и уште пет-шест шанси, но се беше попусто кога не успеа да го совлада одличниот Каспер Шмајхел.

 

Untitled

Музичар од Перу отпеа песна за Македонија!

Музичарот Валентино Микле (ДеВаско) изминатото лето пет месеци крстосувал низ Балканот и Источна Европа, а меѓу многуте дестинации во неговиот распоред била и Македонија. Тој за време на престојот тука имал соработка и со нашиот пејач Марко Логаут.

„Ова е моето прво музичко видео по повод 4 години патување околу светот со мотоцикл, воедно и поздрав за сите номади што го живеат својот сон. Песната е напишана и снимена во Македонија, за време на петмесечна турнеја низ Балканот, пишува во описот за песната насловена „Alma Gitana“, во која на пијано гостува Методија Костоски, а како звучи и изгледа сето тоа можете да погледнете.