Објавен првиот трејлер за документарецот за Павароти

Американската компанија „Си-Би-Ес Филмс“ (CBS Films) го објави првиот трејлер за претстојниот документарен филм за оперската легенда Лучијано Павароти, кој е во режија на оскаровецот Рон Хауард. Закажан за 7 јуни, филмот насловен едноставно „Pavarotti“ нуди интимен поглед на животот, работата и делото на италијанската оперска икона, човекот кој успеа да ја доближи операта до пошироката светска публика.

Документарецот содржи снимки од историските настапи на познатиот тенор, интервјуа, како и снимки од приватната архива што досега не биле прикажани. Публиката ќе види и низа студиски и снимки во живо, меѓу кои и изведбата на „Miss Sarajevo“ од хуманитарниот концерт „Павароти и пријателите, заедно за децата од Босна“ (Pavarotti & Friends Together for the Children of Bosnia).

PAVAROTTI – Official Trailer – HD
Advertisements