„Дајте ни радост место тага“: Ѕвездите од „Дајте музика“ и Нокаут со нова видео порака

Јунаците од серијалот „Дајте музика“ подготвија големо изненадување за крајот на оваа необична учебна година: Додека „Старо маало“ е принудно празно, домовите и парковите нека бидат исполнети со позитивна енергија, креативност и добра македонска музика!

Со максимално почитување на мерките за заштита и во услови на вонредно функционирање, екипата од серијалот „Дајте музика“ успеа да склопи извонредна видео разгледница со порака за сите македонски ученици. Промоцијата се случува токму на денот кој го означува крајот на учебната година и почетокот на најомилениот и најбезгрижниот период за секое дете – летниот распуст.

Видеото е снимено на пет различни локации во Скопје, а со оглед на сите препораки и ограничувања, на истото работеше продуцентска екипа од петнаесетмина извршители.

„Кога ме сакаш ти“ е новиот хит на „Нокаут“

Како загревање за претстојниот славенички концерт, кој ќе се одржи на 23 ноември во СРЦ „Кале“, „Нокаут“ денеска го претстави најновиот сингл што го најавува нивниот 4. студиски албум. Станува збор за темата насловена „Кога ме сакаш ти“, чиј автор на музиката е Дарко Димитров, а стиховите се на Огнен Неделковски, со кого бендот соработува за првпат, додека аранжманот им е заеднички на Дарко и фронтменот на „Нокаут“, Никола Перевски – Пере.

Гуру Харе и „Нокаут“ со нова песна и спот – “Ти Си Таа”

 Момците од „Нокаут“ продолжуваат со работа на нов материјал, па откако ја објавија соработката со Игор Џамбазов за темата „Што бараш ти во мојата песна“, на ред дојде гостувањето во новото музичко парче на уште еден долгогодишен пријател на бендот – Гуру Харе.

Насловена „Ти си таа“, оваа одлична соработка веднаш ќе им влезе в уво на слушателите, а сигурни сме дека особено ќе им ги разубави претстојните летни денови. Игор Атанасоски – Харе е автор на музиката и текстот, додека аранжманот и продукцијата се на лидерот на „Нокаут“, Никола Перевски – Пере, а и двајцата музичари освен што пеат, свират и на гитара (Харе), клавир и на перкусии (Пере). Придружните вокали се на Михаела Перевска – Миа, Трајко Симоновски – Таци гостува на бас, Бојан Перевски на усна хармоника, а миксот и мастерингот се направени во студиото „Тралала“.