Дино Мерлин ќе ги забавува скопјани за Нова година

 

Advertisements

Каролина, Тијана, Јелена, Васил и Вера од „Љубојна“ ја пеат „Во коси да ти спијам“ од Тоше

Новогодишните емисии на македонските телевизии и годинава ги имаше во голем број, а оние што одлучија на најлудата ноќ да останат дома, имаа можност да одберат во чие друштво ќе ја дочекаат Новата 2019 година. Меѓу нив беше и екипата на популарната ТВ серија „Преспав“, која приреди одлично тричасовно шоу, збогатено и со музички гостувања на голем дел од нашите најпознати пејачи.

Особено впечатлив беше заедничкиот настап на актерите Јелена Јованова и Васил Зафирчев со Тијана, Каролина и Вера од „Љубојна“, кои му оддадоа чест на својот легендарен колега Тоше Проески, изведувајќи го неговиот хит „Во коси да ти спијам“, а видеото го сподели и Каролина на својата страница на Фејсбук.

Се урна мост за дочекот на Новата година во Москва, има и повредени

Дрвен мост се преполови и се урна за време на новогодишната ноќ во московскиот парк Горк, при што најмалку 13 луѓе се повредени, пренесе „Раша тудеј“. Во моментот на уривањето, на мостот имало голем број луѓе кои се веселеле.

ВИДЕО: Пристигна Новата година во Австралија

Со спектакуларен огномент пристигна Новата година во Австралија.

Повеќе од милион луѓе ја дочекаа Новата година со огномети, кои беа посветени на пејачите Принц и Дејвид Боуви.

Седум тони огномет беа лансирани од пристаништето во форма на Сатурн, месечината и ѕвезди во чест на песната „Space oddity“ на Боуви и во спомен на Принц, кои починаа во 2016 година.

nova godina avstralija