СП 2018: Аргентина се врати во игра, оди во осминафиналето по победата над Нигерија од 2-1

Аргентина конечно успеа како феникс да се извлече од пепелта пред елиминација и да се врати во полн сјај. Во осминафиналето, Аргентинците ќе си ги одмерат силите со Франција која во групната фаза не ја покажа сета своја сила.

На моменти изгледаше гаучосите се пакуваат за дома, посебно откако цврстите Нигеријци оддолеваа на нападите при 1:1, пред Маркос Рохо, неколку минути откако беше „ослободен“ од вината и не беше досуден пенал по играта со рака во својот шестнаесетник, да го постигне најзначајниот гол во неговата кариера.

Nigeria v Argentina – 2018 FIFA World Cup Russia™ – Match 39

Untitled.png

Нигерија го шокираше (2-0) Исланд, за надеж и за Меси и компанија…

Репрезентацијата на Нигерија ја направи Групата Д на Светското првенство во Русија и тоа како интересна пред последното трето коло откако славеше со 2-0 против Исланд.

Нигеријците сосема заслужено стигнаа до триумфот по што, по поразот од Хрватска на стартот, сега се вратија во игра и за осминафиналето на Мундијалот 2018.

Nigeria v Iceland – 2018 FIFA World Cup Russia™ – Match 24

Untitled

Покажаа дека се класа за ривалот: Хрватска рутина со Нигерија (2-0)

Хрватска ја совлада Нигерија со 2:0 во Калининград за затворање на првото коло во групата Д на Светското фудбалско првенство во Русија. „Коцкестите“ во целост се оправдаа во улога на фаворити и со автоголот на Огенекаро Етебо во 32. минута и на капитенот Лука Модриќ во 71. минута од пенал дојдоа до првите три бода на мундијалот.

Croatia v Nigeria – 2018 FIFA World Cup Russia™ – Match 8

Untitled