„Поетика“, Боб Ем-си и Ненад Вржалски со ново видео за „Ало комитету“

Битолската хип-хоп дружина „Поетика“ деновиве го промовираше новото видео за темата „Ало комитету“, која ја сними со колегите Боб Ем-си и Ненад Вржалски. Песната воедно е најава за новиот албум на групата, кој ќе го носи насловот „Артефакт“ и ќе биде промовиран викендов во Битола. Музиката, миксот и мастерингот се на Дејан Трајчевски ТПЦ, кој заедно со Јове Илијоски застана и зад камерата, а ја направи и монтажата на видеото.