“Next Time” во чест на 500-годишнината од постоењето на Куманово ја преработи народната песна “Јовка Кумановка”

Дуото “Next Time” во чест на 500-годишнината од постоењето на Куманово ја преработи народната песна “Јовка Кумановка”.

За потсетување, “Next Time” претходно ги преработија “Ја излези Ѓурѓо”, “Слушам кај шумат шумите” и “Нешто ќе те питам бабо”. Сите преработки се пропратени со високобуџетни спотови на кои се потпишува Огнен Шапковски и неговата “Мелем Продукција”. Аранжманот на песната е дело на Никола Мицевски.

„Некст тајм“ ја претставија преработката на „Нешто ќе те питам бабо“

Во Драмскиот театар во Скопје вчера се одржа промоцијата на новата песна и видео на „Некст тајм“, која е трета по ред од проектот со преработки на традиционални македонски песни и доаѓа по извонредните „Ја излези Ѓурѓо“ и „Слушам кај шумат шумите“.

Овој пат браќата Филиповски одлучија да ја препеат „Нешто ќе те питам бабо“, чиј аранжман повторно е на маестралниот Никола Мицевски, а сето тоа визуелно го долови екипата на продукцијата „Мелем“, под режисерската палка на Огнен Шапковски.

Македонските пејачи ја претставија божиќната „Небо и земја“

 

Со намера да се возобноват православните традиции за прославување на Христовото раѓање, дел од македонската естрада годиниве ја препеа темата „Вечниот Бог“, а сега репертоарот е дополнет и со „Небо и земја. „Небо и земја“ ја изведуваат Елена Ристеска, Влатко Лозаноски, Викторија Лоба, Димитар Андоновски, „Некст тајм“, „Љубојна“ и дечињата од „Златно славејче“, а снимена е во студиото „Алшар“ . Повеќе…

„Некст тајм“ направија ремек-дело од „Слушам кај шумат шумите“

Во Драмскиот театар во Скопје, братското дуо „Некст тајм“ го промовираше видеото за својата нова песна, која е преработка на добро познатата „Слушам кај шумат шумите“. За овој проект браќата соработуваа со композиторот Никола Мицевски, кој го направи аранжманот, а миксот е на Дејан Момировски.

Прекрасното видео, пак, го изработи екипата на продукцијата „Мелем“, под режисерската палка на Огнен Шапковски, а директор на фотографија е Кристијан Теодоров. Главната улога ја има познатата актерка Ана Стојановска, а покрај неа се појавуваат и Бранко Калеников, Борис Јосифовски, Васко Гегоски, самиот режисер Огнен и, секако, браќата Мартин и Стефан Филиповски.