„Кога не си ти до мене“ е новата песна на Наташа Малинкова

Откако минатата година нè почести со баладата „Ако грев е што те сакам“, дуетската „Еуфорија“ со Александра Јанева и макфестовската „Милион причини“, за која ја освои наградата за најдобра вокална интерпретација, Наташа Малинкова сега ја претставува својата нова песна насловена „Кога не си ти до мене“.

Станува збор за ар-ен-би балада, чиј автор на музиката и стиховите е долгогодишниот соработник на Наташа – Столе Аврамов, а за аранжманот и продукцијата му се придружи познатиот продуцент Зоран Алексиќ. Песната стигна во комплет со видео снимено во винаријата „Queen Marija“ во Демир Капија и на снежниот Пелистер, а го реализираше екипата на продукцијата „Пинестел“.

Advertisements

Александра Јанева и Наташа Малинкова ги фати „Еуфорија“!

„Еуфорија“ е насловот на штотуку објавениот дует на познатите пејачки Александра Јанева и Наташа Малинкова, кои со својата прва соработка дефинитивно успеаја да направат хит! Песната со разигран ритам е авторско дело на Столе Аврамов, долгогодишен соработник на Малинкова, кој стиховите ги потпишува заедно со Александра Јанева, а за продукцијата му помогна колегата Зоран Алексиќ. Сето тоа визуелно го дополни екипата на „Пинестел“, односно Ѓорѓи Вацев, Пеце Здравковски и Борче Георгиев.

Наташа Малинкова со кавер-верзија на фаворитската песна (Francesco Gabbani – Occidentali’s Karma) за победа на Евросонг

По одличната преработка на нашата евровизиска песна на Јана Бурческа, Наташа Малинкова подготви уште една кавер-верзија на најголемиот фаворит за победа на годинешната Евровизија, Франческо Габани и неговата „Occidentali’s Karma“.

За кавер-песната Малинкова има и видеозапис снимен на охридското пристаниште, а според првите коментари, оваа одлична преработка звучи и подобра од оригиналната.

Наташа Малинкова ја преработи евровизиската песна на Јана

Песната „Dance Alone“, со која Јана Бурческа ќе ги брани боите на нашата земја на претстојното, 62. по ред издание на „Евровизија“, стана инстант хит за евровизиските фанови, а што е уште поважно, одлично е прифатена и од домашната публика, но и од колегите на Јана.

Сепак, се чини дека песната најмногу ѝ се допаднала на Наташа Малинкова, која одлучи да направи одлична акустична преработка. Во придружба на Столе Аврамов на гитара, пејачката ѝ даде една поинаква димензија на евровизискиот хит, а еве како звучи сето тоа.