Наташа Андонова прва Македонка фудбалерка во финале на Лига на шампиони

Македонија имаше тројца фудбалери Панчев, Најдоски и Пандев што ја почуствувале атмосферата на најзначајното финале во светскиот клубски фудбал, финалето во Лигата на шампионите, а од скоро и една фудбалерка – членката на големата Барселона Наташа Андонова. Таа пред неколку недели беше дел финалето во женската лига на шампионите меѓу Барселона и Лион, во кое францускиот прволигаш ја освои титулата. Фудбалерките на шпанскиот клуб тагуваа за загубениот трофеј, но ние имаме причина за радост бидејќи имаме македонка која играла на еден ваков натпревар.

“Бевме сите тажни после натпреварот затоа што изгубивме од Лион 4-1, тој е најдобриот клуб моментално во Европа, ние бевме среќни и горди на нас, поради успехот кој го постигнавме оваа година и затоа што се пласиравме во финалето.”

Advertisements