Здравствената состојба на екс министерот Јанакиески се влошува, предупредува неговиот адвокат

Јанакиески гладува во хашката соба во Шутка

Притворениот поранешен министер за транспорт и врски штрајкува со глад во хашката соба во Шутка. Тој во петокот беше префрлен од домашниот притвор во притворското одделение во истражниот затвор. Веќе следниот ден во знак на протест, Јанакиески ја одбил затворската храна. Притворот му беше определен за случајот Шпански скали и изградба на хотели, а причината беше опасност од бегство и влијаење на сведоци. Неговиот адвокат Еленко Миланов во телефонска изјава за 1ТВ рече дека не е логично за дело полесно од претходното да има постога мерка.